Македонија
Регистрирани 300 нови случаи на Ковид-19 и едно починато лице
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.493 тестови, а регистрирани се 300 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 180, Битола – 19, Охрид – 16, Прилеп и Кавадарци – по 13, Струмица – 9, Куманово, Велес, Гостивар, Гевгелија и Ресен – по 5, Кичево и Делчево – по 4, Тетово и Струга – по 3, Штип и Кочани – по 2, Неготино, Свети Николе, Дебар, Валандово, Богданци, Кратово и Крушево – по 1
Од вкупниот број на позитивни (300), регистрирани се 59 реинфекции.
Регистрирани сe 197 оздравени пациенти од: Скопје – 129, Битола – 16, Кавадарци – 10, Прилеп и Куманово – по 8, Гевгелија и Ресен – по 4, Гостивар – 3, Штип, Кочани, Дебар, Берово и Богданци – по 2, Велес, Охрид, Струмица, Кичево и Виница – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Битола (71г), починато во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица (1) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.493 тестови преку: ИЈЗ-171, ЦЈЗ Скопје-91, ЦЈЗ Битола-78, ЦЈЗ Прилеп-33, ЦЈЗ Тетово-19, ЦЈЗ Куманово-32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–253, Жан Митрев (Филип Втори)-40, Авицена-54, Биотек-72, Систина-36, лабораторија Лаор-82, Синлаб-14, Ремедика-23, Плодност-20, Генеа-10, Никоб Лаб-216, ВФВ Медикал-44, Ели Медика Плус-24, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–8, Рамус-18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.134
Досега во земјата се направени вкупно 1.966.968 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.474, бројот на оздравени пациенти е 295.434, на починати е 9.227, а бројот на активни случаи изнесува 1.813
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 143791, Активни 964
Куманово 16563, Активни 38
Битола 14845, Активни 180
Прилеп 14012, Активни 102
Тетово 13422, Активни 36
Кавадарци 10521, Активни 90
Велес 9688, Активни 35
Гостивар 9538, Активни 16
Охрид 8751, Активни 85
Струмица 8007, Активни 24
Штип 7974, Активни 15
Кичево 5570, Активни 45
Кочани 5056, Активни 20
Струга 4698, Активни 17
Гевгелија 4373, Активни 17
Неготино 3659, Активни 10
Ресен 2683, Активни 17
Свети Николе 2616, Активни 3
Радовиш 2516, Активни 12
Крива Паланка 2407, Активни 4
Делчево 1953, Активни 35
Дебар 1671, Активни 10
Берово 1638, Активни 2
Валандово 1477, Активни 4
Виница 1379, Активни 6
Пробиштип 1263, Активни 3
Богданци 1019, Активни 4
Кратово 962, Активни 4
Крушево 923, Активни 10
Демир Хисар 826, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 1
Демир Капија 586, Активни 1
Македонска Каменица 523, Активни 1
Пехчево 485, Активни 0
Дојран 343, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите
За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Најмногу акредитирани се домашни набљудувачи – 1078. Изборите ќе ги следат и 770 странски набљудувачи за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи.
За известување од изборите, акредитирани се 66 странски новинари, меѓу кои и од Ројтерс, Асошиејтед прес, Ал Џезира и Франс прес.
Најмногу домашни набљудувачи акредитирало Здружението за развој на општествено – социјални иновации „ВАКЕ УП“ Скопје – 752, потоа Фондација Ромите за демократија – 151, Цивил – 82, Центарот за безбедносни истражувања – 46, Институтот за меѓународни односи и стратегии Охрид – 20, Националниот ромски центар Куманово – 14, Здружението за промоција и развој инклузива Куманово – 12 и Македонскиот центар за културен развој – еден набљудувач.
Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 410 набљудувачи, 14 експерти и 31 преведувач, најмногу од странските набљудувачи. Парламентарното собрание на ОБСЕ (OSCE PA) има акредитирано 138 набљудувачи, Амбасадата на Соединетите американски држави во Скопје – 68 набљудувачи и 33 преведувачи, Парламентарното собрание на Советот на Европа – ад хок комисијата за набљудување на претседателските избори во Република Северна Македонија – 33 набљудувачи и 20 преведувачи, Иницијативата за дијалог и демократија Силба 30, Централната изборна комисија – Република Косово – 13, Европскиот парламент – 12 и други.
Македонија
Бојан Јовановски: Повикан сум на информативен разговор во полиција, ова е директен притисок и обид за цензура
Бојан Јовановски – Боки 13 соопшти дека денеска во 10 часот е повикан на информативен разговор во П.С Кисела вода (Пролече) во врска со пријава за загрозување на безбедност согласно член 144 од КЗ.
„Ова го чувствувам за директен притисок и обид за цензура од страна на засегнатите лица во врска со мојот настап кај „Лазаров“!“, објави Бојан Јовановски.
Јовановски претходно вчера објави дека веќе неколку дена е цел на закани и притисоци со цел да го откаже второ гостување на поткастот.
Македонија
Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда до петок под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.
Во Скопје времето ќе биде стабилно и релативно топло. Од среда во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време и засилен ветер.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.