Македонија
„НИКОБ ЛАБ“ од денеска со најниски цени за ПЦР тестови на граничните премини и аеродромите
Лабораторијата „НИКОБ ЛАБ“ од денеска (24.06.2021) отвора пунктови на Табановце, Богородица, Дојран, Кисела Вода и на аеродромите ТАВ Скопје и ТАВ Охрид, со цел да им излезе во пресрет на сите граѓани на кои во текот на годишните одмори ќе им бидат потребни ПЦР и брзи антигенски тестови за патување во странство.
Водени од идејата дека на граѓаните им е потребна поддршка повеќе од било кога, НИКОБ ЛАБ ја промовира единствената и најраспостранетата дијагностичка мрежа во Македонија за тестирање за присуство на Ковид-19 преку методата ПЦР и брзи антигенски тестови, а сега достапни на неколку стратешки локации и истовремено со најниски цени во нашата држава.
Во прилог е табелата на локациите на пунктовите и соодветните цени:

Табела за цените на пунктовите на ТАВ аеродромите и работното време:

* Цените се фиксни и на истите нема дополнителен попуст (вклучително за туристички агенции, синдикати и вработени во фирмите со коишто НИКОБ има соработка).
** Заради сигурност на патниците, поголемата флексибилност на времето на важноста на ПЦР тестот, како и намалување на времето на чекање при тестирањето, се препорачува ПЦР тестирање.
*** Задолжително е закажување за тестирање преку web порталот на НИКОБ ЛАБ
https://booking.nikoblab.his.mk/ или на телефонскиот број 02/274-1000.
Предности:
– Тестирањето може да се изврши пред патувањето (на самиот ден на патувањето) на еден од пунктовите во Табановце, Богородица или Дојран.
– На аеродромите во Скопје и Охрид;
– На централниот пункт на „НИКОБ ЛАБ“ на бул. Борис Трајковски бр.62 во Скопје.
– Резултатите ги добивате на Вашиот e-mail на англиски јазик со QR код и истите важат на граница воелектронска форма и нема потреба да се печатат, но доколку инсистирате можете да ги подигнете и во печатена верзија на било кој од пунктовите.
„НИКОБ ЛАБ“ е најбрзорастечката сертифицирана лабораторија во нашата држава која ја поседува највисоката технологија за детектирање на сите познати соеви на Ковид-19 во светот како и на делта сојот или т.н индиска мутација. За нив, квалитетот, најсовремената метода, достапната цена и задоволните граѓани секогаш ќе бидат императив.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините снег, од следната недела заладување
Времето утре, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Сали – Џанел: Холандската поддршка значајна за реформите и евроинтеграцијата
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Џанел.
На средбата се разговарало за европската интеграција, спроведувањето на Реформската агенда и билатералната соработка. Министерот Сали нагласил дека членството во ЕУ останува стратешки приоритет, како и целосната усогласеност со Владеење на правото.
Било дискутирано и за уставните измени како предуслов за отворање на кластерите, како и за напредокот во рамки на Кластерот „Темелни вредности“. Воедно било истакнато дека третото барање за исплата на средства е доставено навремено, со значителен напредок во реформските чекори.
„Двете страни ја потврдија подготвеноста за понатамошно продлабочување на соработката во областа на реформите и владеењето на правото“, соопштија од Министерството.
Македонија
ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната плата да се големи на 600 евра, а сите останати да се зголемат за 100 евра. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, од улица им кажа на газдите во коморите, за кои смета дека избркале цели семејства надвор од државата, дека се оставени да бидат единствени виновници што не се покачува минималната плата.
„Владата веќе кажа дека се договарала со своите вработени, па ги остави газдите да бидат виновни за идниот генерален штрајк и во јавниот и во приватниот сектор“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.
Им порача на газдите дека понудата за зголемување на минималната плата е се уште на маса, но нема да остане уште долго оти следниот пат ќе се појават со генерален штрајк. Кажа дека во неработен ден ќе организираат голем работнички протест со организиран превоз за работниците, за да се даде шанса на секој работник да им се придружи.
Претседателот на ССМ Трендафилов објасни дека пред коморите, исто како и пред Собранието, се појавиле со само 21 работник оти толку бара законот, но да немало такво ограничување тој кажа дека бил подготвен за застане сам за да ги заштити работниците да бидат сликани и снимани.
Потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски, кажа дека се подготвени секојдневно да им бидат пред очи и на пратениците и на газдите.
„Доколку газдите не се одважат дел од колачот да го дадат на работниците кои во минатото им го овозможиле тој профит, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица со нив, со блокади со шатори и секој еден ден да ги потсетуваме дека повеќе за тие плати нема да работиме“, рече потпретседателот на ССМ, Пешевски.
За вторник следната недела ССМ најави блокада на Владата, пред повторно да преминат на нов голем работнички протест и генерален штрајк.
Премиерот Христијан Мицкоски, пак, денес кажа дека блокадите и протестите на ССМ имаат политичка заднина и во деновите што доаѓаат на македонската јавност ќе и покаже како лицата кои блокираат се поврзани со опозицијата.

