Македонија
Николовски: Над 210 милиони евра на располагање за инвестиции преку ИПАРД 3 во следните четири години
Нема откажување од европско земјоделство дома, лидери сме во реализацијата на ИПАРД 2 програмата во споредба со сите други земји заедно, однсно имаме поголем број на склучени договори од Србија, Црна Гора и Албанија заедно, изјави коносителот во ИЕ 3 на Коалицијата за европска иднина, Љупчо Николовски.
„Над 2.369 инвестиции се реализирани во последните пет години со поддршка на ИПАРД 2 програмата, тоа се над 60 милиони евра неповратни европски пари, искористени и вградени во македонското земјоделство“, истакна Николовски.
Први во регионот ја започнавме и реализацијата на ИПАРД 3 програмата, добивме за 63% поголем буџет. Лидерската позиција ја потврдивме и креираме нова успешна ИПАРД 3 приказна, модернизирајќи го македонското земјоделство.
„Во следните 4 години токму преку ИПАРД 3 ќе се инвестираат над 210 милиони евра во модернизација на македонското земјоделство, во нови фарми, во нови преработувачки капацитети, во развојот на руралниот туризам и во обнова на земјоделската механизација“, истакна Николовски
Наша цел е до 2028 година е да ги завршиме преговорите со Европската Унија и конечно да станеме рамноправна членка на Унијата до 2030 година.
„Тоа значи многу за македонското земјоделство, тоа значи над 1 милијарда 100 милиони евра само за развојот на руралниот туризам, за нови инвестиции, модернизација, за вкусот на Македонија да се најде на европските трпези“, истакна Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

