Македонија
Николоски: Немаме информации дека Груевски учествувал во обезбедувањето на мнозинството
Немам сознанија дека почесниот претседател, Никола Груевски, учествувал во обезбедувањето на двотретинското мнозинство и дејствувал во оваа насока, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, по состанокот на Централниот комитет, одговарајќи на новинарско прашање дали и експремиерот ќе биде исклучен од партијата.
ЦК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за разрешување од функцијата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, поради однесување спротивно на интересите на ВМРО ДПМНЕ и на Македонија. Николовски рече дека Јанчев соработувал со Зоран Заев и организирал група за притисоци, уцени, закани и поткуп на пратеници на ВМРО ДПМНЕ, со цел да гласаат за уставните измени, при што биле користени најниски методи. Рарешен е и членот на Извршниот комитет, Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите.
Централното раководство на партијата одлучи за ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, да предложи исклучување од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе ги исклучи од партијата сите што во иднина ќе гласаат за уставни измени. ЦК го повикува ОЈО да ги истражи наводите за поткуп на пратеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две жени намамиле човек во мотел во Скопје, каде го пречекале двајца мажи: го удирале со боксови додека не паднал, па го ограбиле
Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи четворицата во група, со употреба на сила одзеле 200 илјади денари од едно лице.
На 30 октомври оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. Оштетениот се согласил и осомничената ја повикала другата жена, па заедно го убедиле оштетениот да одат во „поубав и поевтин хотел“.
Излегувајќи од собата, во темниот двор на мотелот, ги пречекале двајцата мажи кои биле во договор со жените и заедно му се нафрлиле на оштетениот. Го удирале со боксови по главата и телото додека не паднал на земјата, а од џебовите му ги одзеле парите, мобилниот телефон и личната карта.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени, поради опасност од бегство и можност да го повторуваат делото. За една од осомничените жени која е во бегство откако го извршила делото, притворот ќе започне да се применува од нејзиното пронаоѓање и лишување од слобода.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.

