Македонија
Николовски од Штип: Се гради на истокот како никогаш досега, од Делчево до Лозово, од Штип до Крива Паланка
Луѓето на истокот на изборите претходно беа под притисок, под закани, под уцени. Особено земјоделците, работниците. Тоа време е минато. Работниците се наша светост и ние ќе продолжиме да ги штитиме нивните права, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, од Штип.
„Затоа, денес, покажавме дека може да имаме повисока минимална плата од 9.000 на 14.500, и тоа еднаква и во текстилната и во кожарската индустрија. За сите од овој регион“, порача Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител на коалицијата „Можеме“, од вечерашната трибина во Штип.
Тој нагласи дека во Источниот Регион се инвестира и се гради како никогаш досега, а поддршка има и за сите категории граѓани.
„Овозможивме да има зелена нафта, која до крајот на мандатот ќе биде покриена 100 проценти, има поголеми субвенции, направивме многу капитални проекти. Нема регионален пат што не е направен од Делчево до Лозово, од Крива Паланка до Штип. Три од четири експресни патишта се градат на истокот. Истокот да биде уште поповрзан, да се тргува, да ги вратиме нашите Македонци, а да ги извезуваме нашите брендирани прозводи. Автопат Миладиновце – Свети Николе – Штип го оставија со многу проблеми, кои ние требаше да ги поправаме и на кои изгубивме многу време“, рече Николовски и нагласи дека СДСМ и коалицијата „Можеме“ ги нудат чесноста и одговорноста нашата држава да продолжи по вистинскиот пат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

