Македонија
Николов: СДСМ не исполни ниту едно ветување во здравството

Владата на СДСМ не исполни ниту едно ветување во областа на здравството, обвини Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ ветуваше дека нивната влада веднаш ќе ги почне подготовките за укинување на партиципацијата за болничко лекување и тоа за сите здравствени осигуреници. Ветуваа и дека лекарите специјалисти ќе имаат плата од 100.000 денари, а и дека ќе ги зголемат платите на другите здравствени работници. Сепак, од укинувањето на партиципацијата за болничко лекување нема ниту трага ниту глас, а лекарите специјалисти плата од 100.000 денари сè уште ја чекаат, а се чини дека може само да сонуваат“, рече Николов.
Тој рече дека СДСМ на матичните лекарите им ветувал зголемена капитација, односно покачување на капитациониот бод на 90 денари и стабилност на приватните здравствени установи во кои работат матичните лекари, односно парите од капитација да одат на сметка на здравствената ординација.
„Денеска се соочуваме со реалноста дека ништо на ова поле не е направено и дека последен пат владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година го покачи капитациониот бод на матичните лекари. Ветуваа дека ќе го надминат проблемот на немање лекови на рецепт по 15 во месецот, а денеска сме сведоци како снемува лекови на рецепт веќе на 10 секој месец“, рече Николов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Завршен првиот дел од санацијата на хидросистемот Ѓавато, кој повеќе од 4 години беше со пробиени цевки

Заврши првата фаза на санирање на хидросистемот Ѓавато. Бунарскиот дел е комплетно завршен, пуштена е водата и нема никаде протекување, објави премиерот, Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека останува уште една интервенција на цевката за испуст и со тоа ќе бидат дуплирани количините вода кои ќе се влеваат во Дојранското езеро.
„Каква беше состојбата пред интервенцијата? Повеќе од четири години пробиени цевки на двата функционални бунари. Потрошени повеќе од половина милион евра за електрична енерија, а ефектот минимален или никаков. Два функционални од десет направени бунари. Негрижа и срам. Во втората фаза ќе обезбедиме најмалку уште две бунарски пумпи за зголемен капацитет и побрзо полнење на Дојранското езеро. Владата во втората фаза ќе го задолжи ФОД при ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) да ги репарира постојните потисни пумпи. Конечно во последната трета фаза ќе инсталираме сончеви панели со батерии за акумулирање на електричната енергија и сопствено производство на електрична енергија. Нема трошење милиони евра од буџетот за електрична енергија“, напиша Мицкоски.
Македонија
СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата:
1. Бутел – Оливера Ливриниќ
2. Велес – Маја Хеско
3. Гевгелија – Миле Атанасов
4. Делчево – Дејан Глинџарски
5. Демир Капија – Лазар Петров
6. Конче – Благој Илиев
7. Кратово – Влатко Спировски
8. Кривогаштани – Игор Каравиловски
9. Македонски брод – Ивица Стојковски
10. Ранковце – Даниел Крстевски
11. Старо Нагоричане – Далибор Трајковски
„СДСМ јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините’“, соопштија од партијата.
Македонија
Гужва на границите: на Богородица и Табановце се чека по 40 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила, информира АМСМ.
На ГП Богородица времето на чекање за влез е околу 40 минути, на ГП Дојран времето на чекање за влез е околу 20 минути, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути, додека пак на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од денеска од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од министерство за внатрешни работи. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот.