Македонија
Нимиц: Компромис на Балканот има лошо значение
Американскиот дипломат Метју Нимиц, кој беше посредник во спорот со името со Грција, оценува дека на Балканот зборот компромис има лошо значение.
„Зборот компромис во САД е добар збор. Ќе се скараме, па одиме во друга соба, дискутираме за тоа и излегуваме со решение. Постигнавме компромис и сите велат дека тоа е одлично. На Балканот, меѓутоа, компромисот е лоша работа. Никој не победил“ вели Нимиц во интервју за „Дојче веле“.
Тој вели дека се надева и покрај противењата во Северна Македонија и во Грција, ќе се гледа напред а не назад.
„Привремениот назив Поранешна југословенска Република Македонија – ФИРОМ, не беше името на земјата. Тоа беше привремен назив додека се чекаше името…Земјата со тој назив беше закочена“ додава Нимиц.
На прашањето дали спорот е завршен, тој вели дека никој не може со сигурност да зборува за иднината.
„Не верувам дека историјата ќе се спречи. Работите продолжуваат. Несогласувањата кои имаат длабоки корени ја менуваат природата, но не исчезнуваат. Бидејќи историјата на овој регион, македонскиот регион, ако погледнете на времето на Александар Велики, Римското царство, Отоманското царство, Балканските војни и тогаш се што се случило во Првата и Втората светска војна, во грчката граѓанска војна и Титовиот комунистички период до распадот на Југославија, ќе добиете долга историја во која овој регион бил централна точка. И сега постигнавме и резолуција за името. Но, во двете земји, народот смета дека се дало премногу поради тоа што е постигнат компромис“ објаснува американскиот дипломат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.

