Македонија
Новинарите на А1.он тепани од учесници на маршот „За заедничка Македонија“
Снимателот и новинарот на порталот „А1.он“, кои во вторник вечер беа претепани од учесници на маршот на иницијативата „За заедничка Македонија“, се во подобра состојба и се пуштени на домашно лекување.
„И снимателот и новинарот се во подобра состојба. Иако требаше да останат во Ургентниот центар и двајцата бараа да си заминат дома. Утврдено е дека нема скршеници на главата и ‘рбетот, но имаат болки од ударите. Ние веќе имаме сознанија за тоа кои се напаѓачите и би сакале да не се манипулира со јавноста дека се работи за уфрлени провокатори. Се работи за напаѓачи кои се учесници на протестот, а еден од нив е близок пријател со функционер на локалната власт од Аеродром“, вели Предраг Петровиќ сопственик на порталот.
Тој потврди дека ќе биде покрената постапка против напаѓачите, а во косултации со правници, од А1.он најавевија и тужба против организаторот на протестот.
Инаку, како што веќе пишувавме, двајца новинари на порталот „А1.он“,снимателот Владимир Желчевски и новинарот Александар Тодевски, беа брутално претепани од петмина учесници на вечерашниот протест пред Собранието на Македонија. Според очевидец на настанот, учесници на протестот ја нападнале екипата на „А1.он“ пред порта „Македонија“, ја оштетиле камерата и ги претепале новинарите, по што еден од известувачите на порталот бил во конфузна состојба и се пожалил на повреди.
Во вторникот вечерта во неколку поголеми градови како и во Скопје, се одржаа нови во низата поворки на граѓанската иницијатива насловена „За заедничка Македонија“ со која се бара отфрлање на платформата што ја понудија четирите албански партии како услов за формирање влада по предвремените парламентарни избори од 11-ти декември./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДПИ со засилени контроли: издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2,8 милиони денари
Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава со цел утврдување на почитување на законските одредби од Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушењето.
Во наведениот период извршени се вкупно 542 инспекциски надзори, односно 269 надзори врз основа на Законот за угостителска дејност и 273 надзори врз основа на Законот за заштита од пушењето.
При извршените инспекциски надзори кај дел од правните субјекти беа утврдени неправилности и согласно законските одредби издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2.823.870,00 денари. Како резултат на утврдените прекршоци изречени се и 26 мерки – привремена забрана за вршење на дејност.
„Државниот пазарен инспекторат ќе продолжи со спроведување на инспекциските надзори и во наредниот период во пресрет на празниците со цел заштита на јавниот интерес на граѓаните. Упатуваме апел до угостителите да ги почитуваат законските обврски кои се однесуваат на нивното работење“, се наведува во соопштението.
фото/депозитфотос
Македонија
Граделе во заштитена зона на Шара – кривична за двајца мажи
Двајца мажи се соочуваат со кривична пријава откако, според полицијата, нелегално граделе во зона на Националниот парк „Шар Планина“.
Станува збор за Ф.Ш. (65) од Тетово и И.А. (45) од селото Бродец, кои во текот на 2025 година, во атарот на селото Гајре, изградиле шест бетонски столбови без да обезбедат дозвола за градба од Општина Тетово.
Кривичната е поднесена кривична пријава за „бесправно градење“.
Македонија
Кривична пријава за директор на студентски дом поради несовесно работење
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.Ј. (57) од селото Таринци, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Според пријавата, на 29 и 31 мај 2024 година, Н.Ј., во својство на директор на Државен студентски дом „Браќа Миладиновци” во Штип, постапил спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки.
Тој извршил плаќање на фактури во вкупен износ од 84.320 денари за сместување, односно ноќевање за себе и за ученици од студентскиот дом во два хотели во Охрид, без да спроведе соодветна постапка за јавна набавка, соопшти полицијата.

