Македонија
Новинар од „Порталб“ тргнат на страна од полицијата кај „Комунална хигиена“: Ме спречувате да си ја вршам работата
Новинарот на „Порталб“ кој известува од протестот на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, беше тргнат на страна од полицајците и не можеше да го следи и снима протестот.
Тој се пожали и побара да разговара со командирот, бидејќи смета дека со интервенцијата од полицијата, тој е спречен да ја врши својата новинарска должност. Ова, неколкупати, во вклучувањето во живо им го посочи и на полициските службеници. Побара да разговара и со командирот, но ниту тој не ги повлече наредбите од службениците.
„Ме спречувате да си ја вршам мојата работа, немам што да снимам таму, ѕидот ли да го снимам?“, реагираше новинарот кој им најави на полицајците дека ќе ги пријави во ЗНМ.
Но, полицајците, продолжија со наредбите да се тргне настрана. Ваквото постапување го правдаа дека мора да се тргне поради безбедносни причини.
Претставник на полицијата му врати: „Можеш да работиш, застани кај ѕидот.. Шест пати доаѓаш навака. Јавен настан, никој не ви забранува. Поради ваша и наша безбедност морате да идете поназад“.
За тоа време, директорката Косана Мазнева слободно се шеташе околу влезот на претпријатието, иако сите напади беа насочени кон неа – а полицијата не и кажа да застане на страна.
Откако дојдоа повеќе екипи, се поместија неколку метри понапред.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

