Македонија
Нови корпи за отпадоци поставени на битолскиот Широк сокак

Почна поставувањето на новите корпи за отпадоци, за почеток на Широк сокак. По констатираната состојба на терен, ЈП „Комуналец“ набави 130 корпи за отпадоци.
Новите корпи ќе бидат поставени во централното градско подрачје, додека, пак, постарите ќе бидат отстранети, репарирани и ќе бидат наместени на други места во градот каде што има потреба.
Работните активности ќе продолжат и во наредните денови со зголемена динамика, а ќе бидат поставени и нови контејнери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.