Македонија
Нови осум заболени од Ковид-19, нема починати
Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3, Струмица – 2, Куманово, Велес и Кичево – по 1.
Регистрирани се 72 оздравени пациенти од: Скопје – 23, Куманово, Прилеп и Кичево– по 7, Гостивар и Охрид – по 6, Битола – 5, Тетово – 4, Радовиш – 3, Штип – 2, Струмица и Дебар – по 1.
Не се регистрирани нови починати лица.
Направени се 3.265 тестови преку: ИЈЗ-77, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-75, ЦЈЗ Прилеп-52, ЦЈЗ Тетово–14, ЦЈЗ Куманово–50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-5, Институт за микробиологија–23, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-265, Авицена-295, Биотек-393, Систина-129, лабораторија Лаор-320, Синлаб-32, Ремедика-0, Плодност–92, Генеа–130, Никоб лаб-334, ВФВ Медикал-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 932.
Досега во земјата се направени вкупно 854.673 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.624, бројката на оздравени пациенти е 149.862, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 287.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68640, Активни 106
Куманово 8878, Активни 35
Прилеп 8326, Активни 26
Тетово 7241, Активни 24
Битола 6304, Активни 10
Велес 5472, Активни 4
Гостивар 5181, Активни 8
Кавадарци 5153, Активни 0
Охрид 5016, Активни 14
Штип 4960, Активни 1
Струмица 4117, Активни 5
Струга 2981, Активни 1
Кочани 2792, Активни 3
Кичево 2591, Активни 22
Гевгелија 2195, Активни 2
Неготино 2184, Активни 1
Свети Николе 1523, Активни 0
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1226, Активни 6
Радовиш 1161, Активни 2
Берово 1029, Активни 0
Делчево 973, Активни 1
Дебар 941, Активни 1
Виница 886, Активни 5
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 1
Демир Хисар 400, Активни 3
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 4
Македонски Брод 359, Активни 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонија и Египет ќе соработуваат во високото образование и науката
Македонија ќе добие поддршка во напорите за унапредување на високото образование од страна на Египет, земја чии универзитет забрзано се искачуваат на глобалните ранг листи, а ќе се продлабочува и билатералната соработка во областа на науката и истражувањата. Ова беше потврдено на состанокот помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур, што се одржа денес во Каиро.
Работно тело составено од претставници што ќе ги номинираат ресорните министерства на двете држави ќе дефинира конкретни активности што ќе ја продлабочат соработката, а ќе се разгледаат и можностите за креирање на заеднички студиски програми со двојни дипломи. Во фокус ќе бидат високообразовните установи во областа на медицината и техничките науки, со особен акцент на компјутерското инженерство и земјоделството.
Министерката Јаневска ги претстави промените кои се започнати во областа на високото образование во Македонија, нагласувајќи дека во моментот се изработува и ново законско решение, а ефектите од планот за реформи се очекуваат на среден рок од 5 години. Се осврна и на значително зголемениот буџет за наука и финансирањето на зголемен број научно – истражувачки проекти од интерес за државата и јавноста, усвојувањето и спроведувањето на Стратегијата за паметна специјализација на државата, а нагласи и дека министерството иницираше постапка за основање на првиот државен научно – технолошки парк кој ќе биде под надлежност на државата.
Министерот Ашур ги претстави силните страни на египетскиот високообразовен систем и политиките кои помагаат за забрзано напредување на државните универзитети на меѓународните рангирања. Изрази подготвеност во текот на овој месец да се формира работното тело меѓу двете држави, а веќе во следниот да се одржи непосредна средба на ректорите на шесте македонски државни универзитети и ректорите на најистакнатите египетски, како Универзитетот во Каиро. Го сподели националното искуство со основањето на научно – технолошки паркови и центри за извонредност, што ќе биде од голема корист за Македонија да ја оствари истата цел.
Јаневска од вчера е во Каиро каде се одржува Глобалниот конгрес за население, здравство и развој на човечки капитал. Ќе учествува на повеќе панел дискусии, а ќе биде воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење. Во текот на утрешниот ден ќе се сретне и со египетскиот министер за основно и средно образование, Мохамед Абдел Латиф.
Македонија
Да ја негуваме историјата, да ја практикуваме традицијата и да го пренесуваме културното наследство, порача Лукровски на денот на ослободувањето на Скопје
Делегација од Општина Карпош предводена од градоначалникот Сотир Лукровски и советниците Христо Саракинов (ВМРО – ДПМНЕ) и Татјана Стојановска (Независни за Карпош) , денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на борците од Првиот Скопски партизански одред.
На тој начин, претставниците од локалната самоуправа одадоа почит по повод одбележување на 81 годишнината од ослободувањето на главниот град. Во рамки на свеченоста која ја организираше Сојузот на борци на Македонија, пред споменикот на борците од Првиот Скопски партизански одред се поклонија и бројни делегации и претставници од граѓански здруженија.
Пред присутните се обрати и првиот човек на Општината, Сотир Лукровски, кој во оваа пригода ја истакна важноста од чествување на празниците, кои се темел на македонската национална свест.
„Со жалење ќе констатирам дека бројот на живите сведоци од НОБ е навистина мал. Затоа апелирам, ние помладите да ја негуваме историјата, да ја практикуваме традицијата и да го пренесуваме културното наследство, бидејќи сите тие елементи се дел од нашата колективна историја“ – констатираше Лукровски.
Македонија
Утре со студено утро, преку денот сончево
Времето утре, наутро ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Утре и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, суво и тивко.
Во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.

