Македонија
Нови тројца заразени со коронавирус во државата, бројот достигна 70

Вкупниот број дијагностицирани пациенти со коронавирус се искачи на 70 по новодијагностицираните тројца заболени, информира министерот за здравство, Венко Филипче.
Од тројцата новодијагностицирани, една пациентка патувала во Србија, друга пациентка е бабата на 4-годишното девојче од Штип и има уште еден пациент од Скопје.
Министерот за здравство информира дека со цел побрзо детектирање на вирусот, ќе се обединат капацитетите на двете лаборатории на Институтот за јавно здравје и болницата „Жан Митрев“.
Според последните информации, градови зафатени од коронавирусот се Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид.
Сите пациенти се со лесна или средна клиничка слика, рече Филипче.
Во текот на вчерашниот ден направена е домашна визита кај речиси сите пациенти што се на домашно лекување, а визитата ќе продолжи и денеска. На домашно лекување се пациентите што имаат лесна клиничка слика според предвидените алгоритми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)
Македонија
Наградени ќе бидат полицајците кои вчера ја спасија жената во Вардар

Министерот Панче Тошковски, се сретна со полициските службеници Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиевски – хероите кои вчера ја спасија жена во водите на реката Вардар.
Министерот на средбата со нив уште еднаш потенцираше дека важноста на полицијата и нејзината вистинска сила и влијание врз животот и благосостојбата на граѓаните се гледа во најтешките човечки моменти.
„Херојските дела како вашето, кога директно се спасува човечки живот е повеќе од службено постапување, тоа е вистинска пожртвуваност и посветеност кон мисијата да се чува безбедноста и сигурноста на секој граѓанин и целото општество.“, потенцираше министерот Тошковски при честитките до двајцата полициски службеници за нивната херојска постапка.
Тој нагласи дека во рамките на законските можности тие ќе бидат наградени за нивната херојска постапка која е инспирација за сите нас унапредувањето на хуманиот аспект на нашите дела и постапки како обични луѓе и професионалци.