Македонија
Нови 1.129 заболени и 27 починати од Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 4.045 тестирања, а регистрирани се 1.129 нови случаи на Ковид-19 во:
Скопје – 458, Битола – 96, Куманово – 82, Прилеп – 54, Велес – 47, Тетово – 44, Кавадарци – 36, Гостивар – 33, Штип – 32, Кочани – 28, Кичево – 27, Охрид – 25, Струмица – 22, Валандово – 18, Неготино и Гевгелија – по 17, Струга – 15, Радовиш – 13, Ресен – 10, Берово и Пробиштип – по 7, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Виница– по 6, Демир Капија, Демир Хисар и Кратово – по 3, Крушево, Богданци и Пехчево – по 2, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Регистрирани се 1.152 оздравени пациенти од:
Скопје – 574, Куманово – 69, Велес – 67, Битола – 64, Прилеп – 60, Тетово – 45, Кавадарци – 38, Штип – 35, Струмица – 30, Гостивар – 27, Кочани – 16, Неготино и Гевгелија – по 15, Радовиш – 12, Ресен – 11, Кичево и Пробиштип – по 10, Крива Паланка и Виница – по 8, Берово – 7, Демир Капија – 6, Дебар и Валандово – по 4, Свети Николе – 3, Охрид, Делчево, Богданци, Демир Хисар, Пехчево и Дојран – по 2, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Пријавени се вкупно 27 починати лица: 12 од Скопје (60г, 65г , 66г, 66г, 69г, 73г ,74г, 77г 78г, 78г, 79г и 82г), по 3 лица од Битола (60г, 66г и 79г) и Охрид (58г, 66г и 77г), по 2 починати лица од Куманово ( 59г и 75г) и Тетово (54г и 68г) и по едно лице од Прилеп (86г), Велес (56г), Гостивар (76г), Струмица (73г) и Кичево (63г). Од пријавените пациенти, еден е починат во домашни услови, а другите се починати во болнички услови.
Направени се 4.045 тестови преку: ИЈЗ-573, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-112, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-6, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-11, УК Пулмологија со алергологија–10, ГОБ 8-ми Септември-4, Институт за микробиологија–3, МАНУ-161, Жан Митрев (Филип Втори)-166, Авицена-267, Биотек-303, Систина-230, лабораторија Лаор-266, Синлаб – 75, Ремедика-55, Плодност – 95, Генеа – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.633.
Досега во земјата се направени вкупно 674.378 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 143.162, бројката на оздравени пациенти е 118.946, на починати е 4.289, а бројот на активни случаи изнесува 19.927.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 63788, активни 9196
Куманово 7749, активни 1222
Прилеп 7686, активни 1026
Тетово 6751, активни 663
Битола 5424, активни 1234
Велес 5057, активни 775
Гостивар 4894, активни 500
Кавадарци 4880, активни 587
Штип 4611, активни 449
Охрид 4575, активни 770
Струмица 3657, активни 518
Струга 2823, активни 242
Кочани 2501, активни 300
Кичево 2261, активни 296
Неготино 2075, активни 269
Гевгелија 2051, активни 372
Свети Николе 1381, активни 132
Крива Паланка 1149, активни 88
Ресен 1145, активни 232
Радовиш 1013, активни 144
Берово 946, активни 103
Делчево 901, активни 86
Дебар 890, активни 55
Пробиштип 741, активни 65
Виница 697, активни 100
Валандово 605, активни 97
Крушево 451, активни 117
Богданци 448, активни 69
Демир Капија 389, активни 54
Демир Хисар 350, активни 50
Кратово 346, активни 24
Македонски Брод 337, активни 41
Пехчево 243, активни 20
Македонска Каменица 217, активни 8
Дојран 130, активни 23
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше на можност за самоубиство од страна на малолетен корисник.
Полицијата веднаш ги презеде сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето, кое за кратко време беше пронајдено. Малолетникот е во добра состојба, а родителите се известени и запознаени со понатамошните чекори за негово ментално здравје.
Овој настан уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Родителите треба редовно да комуницираат со своите деца, да се интересираат за нивните активности на социјалните мрежи и да реагираат веднаш при забележување загрижувачки објави или несвојствено однесување – апелираат од Секторот за компјутерски криминал.
Апел е упатен и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи: доколку забележат објави што упатуваат на самоповредување, безнадежност или најави за самоубиство, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на платформата или да известат родител, наставник или најблиска полициска станица.
-Навремената реакција може да спаси човечки живот. Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи со засилени активности за рано откривање и превенција на ризични појави во дигиталниот простор, велат од МВР.
Македонија
Почна седницата на Советот за безбедност во Вила Водно
Почна седницата на Советот за безбедност што ја закажа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на која на дневен ред е безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а на седницата присуствуваат членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов.
Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во државата, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.
Начинот на работа на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, начинот на остварување на правата и исполнувањето на должностите на членовите на Советот, свикување и одржување на седниците, спроведувањето на заземените ставови, поведените иницијативи и дадените мислења и предлози, информирањето за својата работа, како и други прашања во врска со организирањето и начинот на работа на Советот, се определени со Деловник за работа на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.
Седниците на Советот се затворени. Во одредени случаи седниците можат да бидат и јавни за што одлучува претседателот на Советот.
Македонија
Муцунски разговарал со шеикот Бин Зајед и дал целосната поддршка кон Обединетите Арапски Емирати
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска телефонски се слушнал со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан.
Муцунски ја истакнал целосната поддршка кон Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и изразил сочувство за жртвите од нападите.
„Министерот остро ги осуди нападите извршени од Иран врз Обединетите Арапски Емирати, оценувајќи ги како сериозна повреда на принципите на меѓународното право, вклучително и почитувањето на државниот суверенитет и територијалниот интегритет. Тој нагласи дека во услови на зголемени регионални тензии, неопходни се воздржаност, одговорност и дипломатски ангажман, со цел спречување понатамошна ескалација и зачувување на стабилноста и мирот во регионот“, се вели во соопштението на МНР.

