Македонија
Нови 1.348 заболени и 19 починати од Ковид-19
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.996 теста, а регистрирани се 1.348 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 725, Куманово – 73, Битола – 67, Кавадарци – 57, Прилеп – 54, Тетово – 45, Велес – 43, Струмица – 32, Кичево – 30, Неготино – 27, Свети Николе – 26, Охрид – 23, Гостивар – 21, Радовиш – 17, Гевгелија – 16, Штип – 15, Струга и Крива Паланка – по 11, Ресен – 10, Кочани – 7, Валандово и Крушево – по 5, Богданци – 4, Делчево, Дебар, Кратово и Демир Хисар – по 3, Берово, Виница, Пробиштип, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2.
Од вкупниот број позитивни (1.348), регистрирани се 196 реинфекции.
Регистрирани сe 1.247 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 573, Кавадарци – 71, Куманово – 64, Велес – 60, Тетово и Струмица – по 57, Прилеп – 48, Охрид – 41, Гостивар – 40, Битола – 35, Неготино – 32, Кочани и Гевгелија – по 26, Штип – 18, Радовиш – 17, Струга – 12, Свети Николе – 11, Делчево – 9, Богданци и Пехчево – по 7, Ресен, Валандово и Крушево – по 5, Виница, Кратово и Демир Капија – по 4, Дебар – 3, Берово и Македонски Брод – по 2, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 6 од Скопје (75, 81, 86, 90, 92 и 97), 2 од Гостивар (70 и 77) и по едно од Струмица (71), Велес (80) и од Штип (78). Од пријавените лица, 10 се починати во болнички услови и едно во домашни услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковод-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 8 починати лица, и тоа од: Кичево (2), Прилеп (2), Скопје (1), Струмица (1), Куманово (1) и Тетово (1). Починатите се на возраст од 55 до 91 година. Од пријавените лица, 2 се починати во болнички услови и 6 во домашни услови. Пријавените лица се починати во периодот од 1.2.2021 до 9.2.2022 година.
Од вкупниот број починати лица (n=19), две се целосно вакцинирани, а кај 17 се регистрирани коморбидитети.
Направени се 3.996 теста преку: ИЈЗ – 476, ЦЈЗ Скопје – 110, ЦЈЗ Битола – 95, ЦЈЗ Прилеп – 55, ЦЈЗ Тетово – 5, ЦЈЗ Куманово – 73, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 2, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 187, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 104, „Авицена“ – 155, „Биотек“ – 183, „Систина“ – 78, лабораторија „Лаор“ – 76, „Синлаб“ – 34, „Ремедика“ – 17, „Плодност“ – 51, „Генеа“ – 19, „Никоб лаб“ – 377, „ВФВ медикал“ – 63, „Ели медика“ – 50, „Ројал медика“ – 8, „Спектра-ММ“ – 28, „Рапид лаб“ – 26, „Жан Митрев Струмица“ – 13, „Нова лаб дијагностика“ – 4, „Рамус“ – 30, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.677.
Досега во земјата се направени вкупно 1.838.584 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 284.875, бројот на оздравени пациенти е 264.443, на починати е 8.705, а бројот на активни случаи изнесува 11.727.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 131.157, Активни 7.081
Куманово 15.624, Активни 496
Битола 13.612, Активни 560
Прилеп 13.193, Активни 311
Тетово 12.985, Активни 381
Кавадарци 9.701, Активни 425
Гостивар 9.160, Активни 229
Велес 8.944, Активни 295
Охрид 8.287, Активни 249
Штип 7.735, Активни 118
Струмица 7.626, Активни 226
Кичево 5.168, Активни 146
Кочани 4.824, Активни 119
Струга 4.528, Активни 91
Гевгелија 4.029, Активни 151
Неготино 3.450, Активни 156
Свети Николе 2.565, Активни 86
Ресен 2.489, Активни 71
Радовиш 2.410, Активни 88
Крива Паланка 2.293, Активни 56
Делчево 1.856, Активни 57
Берово 1.678, Активни 23
Дебар 1.544, Активни 23
Валандово 1.481, Активни 63
Виница 1.336, Активни 27
Пробиштип 1.272, Активни 13
Богданци 959, Активни 54
Кратово 910, Активни 26
Крушево 858, Активни 14
Демир Хисар 796, Активни 21
Македонски Брод 671, Активни 29
Демир Капија 521, Активни 14
Македонска Каменица 519, Активни 14
Пехчево 446, Активни 8
Дојран 248, Активни 6
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски ќе урива дивоградби низ Скопје, се чисти депонијата кај гробиштата во Бутел
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави засилени мерки против дивите депонии и дивопоставените објекти низ градот, потенцирајќи дека „ред мора да има“. Тој информира дека по третпат се чисти депонијата во близина на гробиштата во Бутел, додека паралелно ќе се постапува и против узурпацијата на јавниот простор.
Ѓорѓиевски изјави дека просторот со години бил запуштен и дека станува збор за место кое мора да биде достоинствено уредено, особено во пресрет на верските празници кога граѓаните масовно ги посетуваат гробиштата.
– Ова е трета акција за чистење откако сум градоначалник. Во изминатите четири дена повторно се спроведува расчистување во координација со Општина Бутел. Наместо средствата да ги насочиме кон развој и изградба, ние повторно трошиме ресурси – луѓе, камиони и механизација, за истата намена – изјави тој.
Како претседател на ЗЕЛС, побара итно донесување на законските измени за комунална полиција, со кои се предвидува и зголемување на глобите.
– Мора да се воведе ред и во овој сегмент. Казните треба да бидат повисоки за конечно да се стави крај на несовесното однесување – порача градоначалникот.
Ѓорѓиевски најави дека следува и поинтензивна акција против дивопоставените објекти кои узурпираат јавен простор, велосипедски и пешачки патеки, зелени површини и други јавни зони.
– Граѓаните 30 години бараат ред. Ред ќе има. Знам дека некој нема да го прифати тоа позитивно, затоа што му се нарушува комодитет кој му бил дозволен на грбот на градот и граѓаните – рече тој.
Посочи дека постојат објекти поставени без никаква документација, па дури и во близина на здравствени установи.
– На Бит Пазар има објект поставен на велосипедска и пешачка патека, невозможно е да се функционира. Тој ќе биде отстранет. Секаде каде што имаме узурпација на државен простор ќе постапуваме – истакна градоначалникот.
Според него, целта е изградба на систем во кој правилата ќе важат еднакво за сите.
Македонија
Апасиев: Левица ќе и поднесе кривична пријава на Цвета Ристовска
Партијата Левица соопшти дека ќе поднесе кривична пријава против Цвета Ристовска, член на Државната комисија за спречување на корупцијата, откако таа поднесе оставка од функцијата.
Лидерот на партијата, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи наведе дека правниот тим на Левица подготвува пријава поради, како што тврди, лажирање податоци во анкетен лист со цел прикривање фирми поврзани со нејзини блиски.
Тој посочи дека, според нив, станува збор за кривично дело утврдено со Кривичниот законик и додаде дека доколку не биле објавени серија скандали, Ристовска сè уште ќе ја извршувала функцијата.
Апасиев истакна дека партијата ќе продолжи со откривање случаи на корупција и ги повика граѓаните кои располагаат со докази против функционери да ги достават до нив, ветувајќи дискреција и поведување правни постапки без оглед на политичката припадност на инволвираните.
Македонија
Ја давел и ја претепал бремената партнерка, се спасила откако го убедила да ја носи на лекар, па побегнала додека стоеле на семафор
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишен маж осомничен за кривично дело Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, по пријава за семејно насилство извршено врз неговата 32-годишна вонбрачна партнерка, која била во вториот месец од бременоста.
Според Обвинителството, насилството се случило во домот на улицата „Рајко Жинзифов“ во Скопје, каде по расправија осомничениот започнал физички да ја напаѓа жената, удирајќи ја со тупаници и шлаканици по главата и телото. На оштетената ѝ биле нанесени гребаници, отоци и хематоми.
Додека жртвата викала и барала помош со намера да ја слушнат соседите и да повикаат полиција, осомничениот, според наводите, станувал сè поагресивен и продолжувал да ја удира, а во еден момент ја притиснал со раце за врат со цел да ја замолчи.
За да се спаси и да излезе од домот, жената го убедила осомничениот да заминат на гинеколошки преглед и да направат ехо на бременоста. Додека се движеле со автомобил и возилото застанало на семафорите на булеварот „Св. Климент Охридски“, таа успеала да избега и да влезе во блиско кафуле, каде побарала помош. Со позајмен мобилен телефон веднаш ја известила полицијата.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки на претпазливост, кои вклучуваат обврска осомничениот повремено да се јавува кај надлежен орган, привремено одземање на патна исправа, како и забрана за приближување и воспоставување контакт со оштетената.

