Македонија
Нови 130 позитивни случаи и двајца починати од Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 1.742 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 40, Куманово – 6, Штип – 13, Прилеп – 5, Тетово – 13, Струга – 4, Битола – 3, Охрид – 6, Кавадарци – 2, Гостивар – 18, Струмица – 1, Пробиштип – 2, Берово – 1, Виница – 5, Делчево – 4 и Кичево – 7.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 152 оздравени пациенти од: Скопје – 87, Куманово – 18, Штип – 14, Прилеп – 2, Тетово – 6, Битола – 4, Гостивар – 9, Македонски Брод – 1, Кичево – 5 и Ресен – 6.
Починати се двајца пациенти, еден од Скопје (70 г.) и еден пациент од Штип (75 г.). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.970, бројката на оздравени пациенти е 9.513, на починати е 549, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.908.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5458, активни 905
• Куманово 1295, активни 286
• Дебар 226, активни 67
• Штип 1061, активни 258
• Прилеп 370, активни 43
• Тетово 1154, активни 158
• Струга 525, активни 171
• Велес 243, активни 27
• Битола 187, активни 73
• Охрид 315, активни 72
• Кавадарци 160, активни 105
• Гостивар 678, активни 298
• Гевгелија 31, активни 13 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 7 на Богданци)
• Струмица 53, активни 24
• Крива Паланка 30, активни 5
• Радовиш 38, активни 10
• Крушево 16, активни 1
• Кочани 128, активни 29
• Пробиштип 71, активни 19
• Демир Хисар 60, активни 37
• Македонски Брод 65, активни 44
• Пехчево 8, активни 2
• Берово 16, активни 7
• Валандово 7, активни 1
• Виница 56, активни 41
• Делчево 14, активни 9 (4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 15, активни 1
• Свети Николе 261, активни 61
• Кичево 247, активни 128
• Ресен 146, активни 1
• Неготино 36, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1742 теста се преку: ИЈЗ – 550, ЦЈЗ Скопје – 25, Авицена-139, Биотек – 281, МАНУ – 113, Жан Митрев (Филип Втори)-311, Систина со PCR-метода -242, Судска медицина -9, ЦЈЗ Битола – 32, Инфективна клиника – 20, ГАК-20, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 128.938 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 8 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 127
• Аеродром – 116
• Бутел – 66
• Гази Баба – 118
• Центар – 87
• Карпош – 93
• Сарај – 26
• Кисела Вода – 69
• Ѓорче Петров – 63
• Студеничани – 30
• Шуто Оризари – 47
• Арачиново – 17
• Илинден – 11
• Петровец – 7
• Чучер Сандево – 8
• Сопиште – 10
• Зелениково – 6
• Странец – 3
• Нераспределен – 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови
Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат
Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во кризниот штаб се ангажирани Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, противпожарните единици од Тетово, Противпожарната бригада на Градот Скопје, екипи од Општина Ѓорче Петров, НПК Сарај, како и полициската единица Сарај.
„Искрено им се заблагодаруваме на сите институции и тимови за нивниот професионален, посветен и солиден ангажман во справувањето со оваа ситуација.
За време на состанокот беа дискутирани понатамошните чекори што треба да се преземат за целосно санирање на последиците, поддршка на погодените семејства и превентивни мерки за избегнување слични ситуации во иднина.
Надлежните институции и служби остануваат во целосна готовност и ќе продолжиме да ги информираме граѓаните за сите нови случувања“, објави Елмази.
Македонија
Во изминатите девет часа најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
Во изминатите девет часа, до 16 часот денеска најмногу дожд наврнал во Гевгелија – 23 литри на метар квадратен, потоа Штип – 16, Попова Шапка – 14 и Берово – 12 л/м2, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи – Скопје.
По 10 л/м2 наврнале во Крива Паланка и Виница, 8 во Ѓуриште, 6 во Маврови Анови и Лазарополе, 5 во Крушево, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Струмица и Пожаране, 3 во Битола, по 2 во Охрид, Велес, Кавадарци и Демир Капија и 1 л/м2 во Прилеп.
Од УХМР информираат дека на повеќе места низ земјава има интеракција на подземните и површинските води и појави на заезерувања од самите врнежи. До крајот на денот се очекува висок водостој на река Вардар, река Црна и на река Треска. На останатите помали реки се очекува постепена стагнација и намалување на водостојот во вечерните часови.
Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на планините во северозападните делови врнежите од дожд ќе преминуваа во врнежи од снег. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Управа за хидрометеоролошки работи, претходно околу 14:00 часот информира дека на хидролошката станица на река Вардар во Балин Дол е регистрирано намалување на водостојот на реката, но тој сеуште останува висок и постои опасност од излевање на реката во гостиварскиот регион, додека во наредните часови водниот бран ќе се движи низводно кон Полошката Котлина и Скопје, каде што се можни локални излевања и заезерувања во Полошката Котлина.
И во Скопје ce очекува висок водостој на реката Вардар, при што е зголемен и водостојот на реката Лепенец.
Поради зголемениот водостој на реките Кадина и Маркова, како и поради водите што не пристигнат од Горен Вардар, од УХМР информираат дека можни се локални заезерувања низводно од Скопје, на потегот околу селата Зелениково, Орешани и Таор.
Водостојот на реката Треска е во пораст и можни се излевања кај селата Пласница и Лисичани. Водостојот на реката Зајашка останува висок, со тенденција за благо намалуване во наредните часови.
Во сливот на реката Црна можни се заезерувања во Демирхисарскиот регион и Пелагониската Котлина.
Македонија
УХМР: Претпазливо движење покрај реките и суводолиците низ земјава
Според податоците од хидролошките станици низ земјава, останува висок водостојот на река Вардар во горниот дел од сливот со можност за заезерувања и локални излевања во Полошката Котлина, а регистриран е прилично висок водостој и на река Кумановска и река Треска, во чии сливови се можни локални излевања, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од УХМР, исти така, предупредуваат на претпазливо движење покрај реките и сууводолиците низ земјава.
-Регистриран е прилично висок водостој на река Кумановска и во нејзиниот слив се можни локални излевања на реките и суводолиците. Исто така, на река Треска останува исклучително висок водостојот и во нејзиниот слив се можни локални излевања, а надојдената вода е можно да претставува опасност и по столбовите на дел од Мостовските конструкции – информираат од УХМР.
На останатите водотеци на западот од земјата остануваат високи водостоите но се со тенденција на намалување. На истокот засега има помали зголемувања на водостоите на реките, иако беа забележани локални и изолирани појави на интензивни поројни врнежи во поедини делови.
-До крајот на денот се очекува да остане висок водостојот на река Вардар во горниот дел, а во текот на вечерта и за време на ноќта да има зголемување на водостојот низводно од Скопје (Јурумлери, Орешани, Зелениково, Таор) како и во Велес. Исто така и на река Треска се очекува да остане исклучително висок водостојот до крајот на денот и вечерта – информираат од УХМР.

