Македонија
Нови 139 случаи на коронавирус, почина едно лице
Во последните 24 часа направени се 1.424 тестови, а регистрирани се 139 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 58, Битола – 34, Прилеп – 6, Струмица – 5, Куманово, Кавадарци, Велес, Охрид и Кичево – по 4, Тетово – 3, Гостивар, Кочани и Демир Хисар – по 2, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Дебар, Виница и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (139), регистрирани се 25 реинфекции.
Регистрирани сe 86 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола – 19, Кичево – 5, Штип – 4, Кавадарци – 3, Куманово, Велес, Гевгелија, Ресен и Свети Николе – по 2, Тетово, Кочани, Виница, Струга и Берово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително регистрирано е едно починато лице од Скопје (73г), починато во домашни услови. Починато на ден 01.05.2022 година.
Направени се 1.424 тестови преку: ИЈЗ-167, ЦЈЗ Скопје-78, ЦЈЗ Битола-66, ЦЈЗ Прилеп-15, ЦЈЗ Тетово-16, ЦЈЗ Куманово-39, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-8, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–90, Жан Митрев (Филип Втори)-38, Авицена-29, Биотек-29, Систина-20, лабораторија Лаор-33, Синлаб-6, Ремедика-12, Плодност-21, Генеа-6, Никоб Лаб-108, ВФВ Медикал-21, Ели Медика Плус-9, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 586.
Досега во земјата се направени вкупно 2.026.507 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.063, бројот на оздравени пациенти е 300.107, на починати е 9.284, а бројот на активни случаи изнесува 672.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 145747 317
Куманово 16639 9
Битола 15426 146
Прилеп 14156 26
Тетово 13458 13
Кавадарци 10648 18
Велес 9766 8
Гостивар 9585 11
Охрид 8853 23
Струмица 8065 17
Штип 8029 13
Кичево 5627 9
Кочани 5077 3
Струга 4718 3
Гевгелија 4405 4
Неготино 3679 2
Ресен 2727 12
Свети Николе 2626 0
Радовиш 2529 1
Крива Паланка 2413 0
Делчево 1979 9
Дебар 1674 1
Берово 1662 12
Валандово 1488 3
Виница 1393 4
Пробиштип 1266 1
Богданци 1019 0
Кратово 966 2
Крушево 926 0
Демир Хисар 832 4
Македонски Брод 736 0
Демир Капија 593 0
Македонска Каменица 523 0
Пехчево 486 0
Дојран 347 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Алжир, Абделмаџид Наaмун
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Народна Демократска Република Алжир, со седиште во Букурешт, Абделмаџид Наaмун.
Неговото именување, како што рече претседателката, е уште една потврда за добрите македонско-алжирски односи, втемелени на заемно разбирање и почит.
За неа, посветениот и професионален ангажман на амбасадорот Наамун ќе придонесе кон продлабочување на пријателските и партнерски односи на билатерален и мултилатерален план.
Истакнувајќи дека обете држави имаат богата историја и вредно културно наследство, Сиљановска-Давкова очекува интензивирање на соработката во културата, образованието и туризмот, како и во рамките на ООН и другите меѓународни организации.
На церемонијата, новоименуваниот амбасадор Абделмаџид Наaмун ја истакна својата желба да гради нови мостови на пријателство и меѓусебно разбирање.
Двајцата изразија загриженост за геополитичките предизвици со коишто се соочени сите држави и народи, без оглед на географската положба и големина. Тие ја потенцираа потребата од мултилатерализам како соодветен одговор и механизам за решавање на проблемите.
Сиљановска-Давкова и амбасадорот Наамун се согласија дека донесувањето правна рамка за регулирање на меѓусебните односи, како и размената на посети на највисоко ниво ќе ја поттикат соработката.
Соговорниците имаа усогласен став и во однос на потребата од реформи во Обединетите нации, како и за неопходноста од назначување на жена на највисоката позиција – генерален секретар.
Македонија
Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е значајна победа за правната држава
За првпат и самиот обвинител го признава тоа што целата јавност го кажуваше: дека Јавното обвинителство не може да продолжи да функционира со изгубен легитимитет, под товар на политички влијанија и со селективна правда, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фактот што оваа оставка доаѓа дури сега, а не уште од првиот ден кога беше очигледно дека институцијата е компромитирана, само дополнително ја потврдува длабочината на проблемот и обидите со месеци да се одржи статус кво кое служеше на поранешната власт. Со оваа оставка се става крај на еден мрачен период, во кој обвинителството беше перципирано како партизиран механизам, а не како независна институција во служба на законот“, вели тој.
Според Петрушевски, оставката е јасен сигнал за крајот на практиките на заштита на поранешната власт на СДС и ДУИ и почеток на процесот на департизација и европеизација на јавнообвинителската дејност.
„Оставката на Коцевски не е персонално, туку единствено системско решение. Ова е јасна порака дека никој не е недопирлив“, вели Петрушевски.
Македонија
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортски клубови
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортските клубови од општина Бутел.
„Локалната самоуправа секоја година ги поддржува спортските клубови и доделува спортски стипендии на најдобрите спортисти од Бутел. Во општина Бутел се градат спортско-рекреативни центри во секое населено место. Во општина Бутел вредноста на спортот и спортските успеси е најголема“, изјави градоначалникот Дарко Костовски.
Тој изрази надеж дека финансиска поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и спортистите ќе освојат европски и олимписки медали.

