Македонија
Нови 163 заразени од коронавирус, починале две лица
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 922 теста, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 85, Охрид – 15, Битола – 12, Прилеп и Велес – по 9, Куманово – 8, Струмица – 4, Тетово, Кавадарци и Штип – по 3, Кочани, Струга, Делчево и Виница – по 2, Гостивар, Радовиш, Пробиштип и Богданци – по 1.
Од вкупниот број позитивни (163), регистрирани се 24 реинфекции.
Регистрирани сe 110 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 67, Охрид – 13, Битола и Кавадарци – по 6, Куманово – 5, Струмица – 4, Штип – 3, Прилеп и Струга – по 2, Тетово и Велес – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, регистрирани се две починати лица од Скопје (68 и 73), починати на 5.6.2022 во домашни услови.
Направени се 922 теста преку: ИЈЗ-142, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-22, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-116, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–81, Жан Митрев (Филип Втори)-13, Авицена-15, Биотек-16, Систина-21 лабораторија Лаор-4, Синлаб-0, Ремедика-5, Плодност-1, Генеа-2, Никоб лаб-24, ВФВ медикал-15, Ели медика плус-4, Ројал медика–1, Спектра-ММ-0, Рапид лаб–6, Жан Митрев Струмица–1, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 366.
Досега во земјата се направени вкупно 2.081.796 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.018, бројот на оздравени пациенти е 303.893, на починати е 9.325, а бројот на активни случаи изнесува 800.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 148.252, Активни 467
Куманово 16.747, Активни 25
Битола 15.804, Активни 49
Прилеп 14.264, Активни 30
Тетово 13.525, Активни 28
Кавадарци 10.743, Активни 28
Велес 9.833, Активни 23
Гостивар 9.626, Активни 10
Охрид 9.012, Активни 46
Штип 8.109, Активни 14
Струмица 8.102, Активни 14
Кичево 5.665, Активни 7
Кочани 5.119, Активни 16
Струга 4.740, Активни 5
Гевгелија 4.427, Активни 1
Неготино 3.711, Активни 11
Ресен 2.760, Активни 5
Свети Николе 2.641, Активни 1
Радовиш 2.534, Активни 3
Крива Паланка 2.421, Активни 2
Делчево 1.989, Активни 3
Берово 1.693, Активни 1
Дебар 1.682, Активни 1
Валандово 1.488, Активни 0
Виница 1.398, Активни 2
Пробиштип 1.270, Активни 2
Богданци 1.025, Активни 3
Кратово 969, Активни 0
Крушево 933, Активни 2
Демир Хисар 836, Активни 0
Македонски Брод 743, Активни 1
Демир Капија 594, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 352, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со дожд за Божик, на планините снег
Времето денес променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта.
На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.
Македонија
Денеска е Божик – денот на христовото раѓање
Православните христијани во светот, во Македонија и црквите кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го слават Рождеството Христово – Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутрината се одржуваат божикни литургии.
Божик е денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Денеска воедно завршува 40-дневниот пост и овој ден се прославува со богата трпеза со мрсни јадења.
Со Божик е поврзана и поговорката: „Пред Божик зад Божик кај да си, дома да си” што има двојно значење: за време на големиот празник треба да се биде во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот, но не е на одмет да се потсети дека во најстудениот период од годината, сепак најпријатно и најбезбедно е во сопствениот дом.
На Божик се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. По овој чин луѓето смеат да се омрсат. Се подготвува богата софра, на која скоро задолжително било свинското месо. На денот на Христовото раѓање, по одењето во црква луѓето се веселеле, играле и пееле среде село. Божик, според црковниот календар, се празнува три дена.
Вториот ден е Соборот на Света Богородица, а третиот е Свети Стефан првомаченик.Во некои краеви на овие празници, луѓето што го носат името Божидар, Божо, Бошко и сл. слават именден на Божик, а Стефан, Стојан, Стојче слават на Св.Стефан.
Од Божик почнуваат 12-те таканаречени некрстени или нечисти, погани денови, кои траат сè до пред Водици, денот кога Исус бил крстен. Се верува дека во овие денови се движат зли духови, караконџули, вампири, вештерки и сл. кои ги загрозуваат безбедноста и сигурноста на луѓето. Затоа од Божик до Водици, луѓето со себе носеле најразлични амајлии – апотропејски средства со кои се заштитувале од злите духови, како што се лук, пелин, сол.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.

