Македонија
Нови 22 заболени од коронавирус, а 64 оздравени
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 64 оздравени пациенти, и тоа во: Скопје – 17, Куманово – 9, Прилеп – 12, Тетово – 3, Струга – 12, Охрид – 9, Гостивар – 1 и Кичево – 1.
Во изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаја на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 13, Прилеп – 2 и Тетово – 7, соопшти Министерството за здравство.
Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.664, бројката на оздравени пациенти е 1.200, на починати – 91, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 373 и во согласност со ова последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 563, активни 128
• Куманово – 408, активни 44
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 35, активни 2
• Прилеп – 178, активни 58
• Тетово – 117, активни 58
• Струга – 67, активни 4
• Велес – 107, активни 49
• Битола – 23, активни 4
• Охрид – 15, активни 0
• Кавадарци – 5, активен 1
• Гостивар – 19, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка – 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 5
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино – 9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активни 2
• Делчево -1, активен 1
• Валандово – 1, активен 1
• Виница – 2, активни 0
• Кратово – 2, активни 2
• Берово – 1, активен 1
Направените 145 теста се преку: ИЈЗ – 122, Ветеринарниот факултет – 0, „Авицена“ – 0, „Биотек“ – 0, „Филип Втори“ („Жан Митрев“) – 17, „Систина„ со PCR-метода – 0 и МАНУ – 6. Досега во земјата направени се вкупно 19.241 тестирање на Ковид-19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни нема прием на нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 42 пациенти. На кислородна поддршка се 20 пациенти, а на механичка вентилација 2.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 4 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 2 пациенти сомнителни на Ковид-19, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип хоспитализирани вкупно 7, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и во Тетово хоспитализирани се 49 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

