Македонија
Нови 22 случаја на Ковид-19, починаа две лица, оздравени 50 пациенти
Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје регистрира 50 оздравени пациенти во: Скопје – 16, Куманово – 10, Прилеп – 6, Тетово – 15, Велес – 1, Крива Паланка – 1 и Валандово – 1.
Во ГОБ „8 Септември“ почина 78-годишен пациент од Скопје, примен на 7 мај и 77-годишен пациент од Тетово, на болничко лекување од 14 мај.
Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаја на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 8, Штип – 2, Прилеп – 2, Тетово – 3, Струга – 1, Велес – 4, Свети Николе – 1 и Гостивар – 1.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.839, бројката на оздравени пациенти е 1.351, на починати – 106, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 382. Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 636, активни 143
• Куманово – 416, активни 21
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 38, активни 4
• Прилеп – 202, активни 59
• Тетово – 150, активни 66
• Струга – 71, активни 5
• Велес – 125, активни 53
• Битола – 27, активни 8
• Охрид – 21, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар – 20, активни 3
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка – 6, активен 1
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 4
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино – 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активен 1
• Делчево – 1, активни 0
• Валандово – 1, активни 0
• Виница – 2, активни 0
• Кратово – 2, активни 1
• Берово – 1, активен 1
• Свети Николе – 1, активен 1
Направените 533 теста се преку: ИЈЗ – 256, Ветеринарниот факултет – 7, „Авицена“ – 12, „Биотек“ – 36, „Филип Втори“ („Жан Митрев“) – 61, „Систина со PCR-метода – 53 и МАНУ – 108. Досега во земјата се направени вкупно 22.255 тестирања на Ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес, потврден е само еден позитивен случај на Ковид-19 во Битола.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминатите 24 часа примени се 2 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 43 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, а вкупно хоспитализирани 21 пациент. На респиратор се 4, a со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 7, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип хоспитализирани се 4 пациенти, нема пациенти што се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и во Прилеп хоспитализирани се 51 пациент, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови
Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат во согласност со упатствата на надлежните институции.
-Истовремено, апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион сè до стабилизирање на безбедносната состојба.
Согласно информациите добиени од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, воздушниот простор над Израел е затворен за цивилни летови до понатамошно известување. Сите комерцијални влезни и излезни летови се суспендирани, без конкретна најава за обновување на редовниот воздушен сообраќај, се соопштува утрово на фејсбук-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
МНРиНТ ги потсетува нашите државјани дека во случај на потреба од помош може да се обратат на следните контакти:
Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив:
Тел: +972 54 500 8566
Тел: +972 54 967 0546
Е-пошта: [email protected]
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736
Е-пошта: [email protected]
-Министерството преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за понатамошниот развој, наведува Министерството.
По влошувањето на безбедносната состојба во Израел и регионот, важно известување на својата фејсбук-страница утрово објави и Амбасадата на Северна во Израел, која ги повикува македонските граѓани кои во моментов се во Израел строго да ги следат упатствата издадени од Командата на израелскиот домашен фронт.
-На граѓаните им се препорачува: Да останат во или во близина на заштитен простор (засолниште, безбедна соба или друга одобрена заштитена зона); да се осигураат дека го знаат најблискиот заштитен простор; да ги чуваат основните залихи лесно достапни, вклучувајќи вода, храна, лекови, комплет за прва помош, фенерче, полнети мобилни телефони, да ги следат официјалните ажурирања и известувањата во реално време преку веб-страницата на Командата на домашен фронт (https://www.oref.org.il/eng), мобилната апликација и локалните медиуми. Веднаш да влезат во заштитените простори по добивањето известување и да останат таму додека официјалните упатства не покажат дека е безбедно да се напушти. За граѓаните кои планираат да патуваат до/да го напуштат Израел, летовите моментално се откажани до понатамошно известување. Препорачуваме внимателно да ги следите ажурирањата од авиокомпаниите и надлежните органи, се наведува во апелот од нашата амбасада во Тел Авив.
За каква било помош или итни прашања, достапни се броевите на Амбасадата: +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546
-Амбасадата продолжува внимателно да ја следи ситуацијата и ќе обезбеди дополнителни информации доколку е потребно, се наведува во известувањето.
Македонија
На Попова Шапка има снежна покривка од 83 сантиметри
Најстудено утрово е во Прилеп со измерени 3 степени под нулата. Минусни температури има и во Крива Паланка, Берово и Mаврови Анови (-2 степена), и -1 степен на Попова Шапка и во Битола.
Како што соопшти УХМР, 0 степени се измерени во Тетово, Штип, Kрушево и Претор, 1 во Скопје – Петровец Охрид, Кавадарци и Виница, 2 степена во Скопје Зајчев Рид, Велес и Демир Капија, 4 во Струмица и 8 степени во Гевгелија.
На Попова Шапка има снежна покривка од 83 сантиметри.
Според прогнозата на УХМР, претпладне по одделни котлини ќе има ниска облачност или појава на магла. Во текот на денот насекаде ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.
Во Скопје претпладне ќе има ниска облачност, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 14 степени.
Македонија
Бегај од Скопје се сели во Тетово, Гостивар и Дебар, улиците ќе бидат затворени
Во Тетово, Гостивар и Дебар денеска ќе има посебен сообраќаен режим поради престојот на претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, кој ја завршува тридневната официјална посета на земјава.
Општина Тетово и СВР Тетово информираат дека денеска во градот ќе има привремени безбедносни мерки, посебен режим во сообраќајот и забрана за паркирање на повеќе улици по повод посетата на претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај на Тетово.
Општина Тетово препорачува возила да не се паркираат на булевар „Маршал Тито“ од почетокот до кружниот тек кај пазарот со булевар „Благоја Тоска“, на булевар „Благоја Тоска“ од кружниот тек со булевар „Маршал Тито“ до зградата на Општина Тетово, на улица „ЈНА“ („Дервиш Цара“) во целост, до семафорите, на улица „Илинденска“ од Основен суд до Универзитетот на Југоисточна Европа, на улица „Киро Ристоски-Дрнц до Арабати Баба Теќе, на улица „ВонВардарска“ и на улица „172“.
-Возилата паркирани спротивно на известувањето ќе бидат отстранети од страна на службите, наведуваат од Општина Тетово.
СВР Тетово апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат полициските службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
-Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедноста на патниот сообраќај Гостивар при СВР Тетово ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Тетово и Гостивар, посочија од СВР Тетово.
Согласно агендата, претседателот Бегај ќе ја посети Општина Тетово, ООУ „Лирија“, Шарената џамија и Арабати Баба Теќе.
Албанскиот претседател, Бајрам Бегај, кој е во тридневна официјална посета на земјава, по посетата на општина Гостивар, престојот ќе го заокружи со посета на Дебар, во попладевните часови, од каде преку граничниот премин Блато ќе замине за Албанија.
По тој повод од ОВР Дебар соопштија дека попландево во сила ќе биде посебен сообраќаен режим со цел непречено движење на возилата од делегацијата и непречено одвивање на предвидените активности.
-За таа цел, полициски службеници од ОВР Дебар и СВР Охрид, ќе вршат физичко обезбедување на трасата на движење како и на објектите каде се предвидени работни средби. Мерките стартуваат утре, 28 февуари од 12 часот и ќе траат до 19 часот, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секорот за внатрешни работи -Охрид.
Дообјаснува дека посебниот сообраќаен режим ќе се спроведува со повремено затворање за сообраќај на регионалниот пат Р-1202, од Бошков мост до Дебар, улиците „Елена Ѓика“ од АД „Кнауф“ до кружен тек „Енѓи“, улиците „Иса Болетини“, „Јусуф Грвала“ и регионалниот пат Р-1201 до улиците „Мојси Големи“, „Амди Леши“, Јосиф Багери и регионалниот пат 1202 Дебар- граничен премин Блато.
-Апелираме до граѓаните и до сите учесници во сообраќајот, да се придржуваат до насоките на полициските службеници кои ќе вршат обезбедување и на исклучивост во користењето на своите моторни возила во овој временски период, посочува Димоски.
Според Општна Дебар, Бегај ќе се сретне со градоначалникот, Фисник Меља, но не се предвидени изјави.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера со државни и воени почести го пречека претседателот на Албанија Бајрам Бегај.

