Македонија
Нови 236 случаи на коронавирус, нема починати лица
Во последните 24 часа направени се 2.212 тестови, а регистрирани се 236 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 125, Битола – 29, Кавадраци – 12, Прилеп и Гевгелија – по 10, Охрид – 9, Ресен – 7, Кичево – 6, Куманово – 5, Струмица – 4, Велес – 3, Гостивар ,Штип, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 2, Тетово Кочани, Берово, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (236), регистрирани се 38 реинфекции.
Регистрирани сe 252 оздравени пациенти од: Скопје – 137, Битола – 34, Прилеп – 17, Кавадарци – 15, Куманово и Велес – по 7, Кичево и Дебар – по 5, Делчево , Кочани и Неготино – по 4, Тетово – 3, Ресен , Струмица ,Штип и Крива Паланка – по 2, Гевгелија и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани нови починати лица.
Направени се 2.212 тестови преку: ИЈЗ-203, ЦЈЗ Скопје-76, ЦЈЗ Битола-80, ЦЈЗ Прилеп-16, ЦЈЗ Тетово-14, ЦЈЗ Куманово-43 ,Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-8, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–119, Жан Митрев (Филип Втори)-37, Авицена-56, Биотек-103, Систина-51, лабораторија Лаор-45, Синлаб-11, Ремедика-16, Плодност-32, Генеа-5, Никоб Лаб-192, ВФВ Медикал-23, Ели Медика Плус-12, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–7, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.027.
Досега во земјата се направени вкупно 1.972.271 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.947, бројот на оздравени пациенти е 296.166, на починати е 9.231, а бројот на активни случаи изнесува 1.550.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 144052, Активни 835
Куманово 16576, Активни 38
Битола 14905, Активни 167
Прилеп 14035, Активни 79
Тетово 13424, Активни 16
Кавадарци 10537, Активни 79
Велес 9694, Активни 22
Гостивар 9541, Активни 12
Охрид 8775, Активни 81
Струмица 8013, Активни 23
Штип 7983, Активни 17
Кичево 5579, Активни 31
Кочани 5057, Активни 13
Струга 4701, Активни 18
Гевгелија 4385, Активни 26
Неготино 3662, Активни 7
Ресен 2692, Активни 20
Свети Николе 2617, Активни 4
Радовиш 2516, Активни 8
Крива Паланка 2410, Активни 4
Делчево 1955, Активни 21
Дебар 1671, Активни 2
Берово 1638, Активни 2
Валандово 1477, Активни 3
Виница 1383, Активни 6
Пробиштип 1265, Активни 2
Богданци 1018, Активни 1
Кратово 961, Активни 3
Крушево 924, Активни 7
Демир Хисар 825, Активни 0
Македонски Брод 736, Активни 1
Демир Капија 586, Активни 0
Македонска Каменица 524, Активни 1
Пехчево 486, Активни 1
Дојран 344, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

