Македонија
15 починати и 355 новозаразени со Ковид-19
Денес се регистрирани 355 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 217.025.
Оздравени се 2.308 пациенти – пријавени се 15 починати лица.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.042 тестирања, а регистрирани се 355 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 152, Битола – 38, Кавадарци – 25, Прилеп – 24, Куманово и Охрид – по 17, Велес – 14, Радовиш – 9, Делчево – 6, Штип и Ресен – по 5, Тетово, Струмица, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 4, Неготино, Виница, Пробиштип и Валандово – по 3, Крушево и Македонски Брод – по 2, Кичево, Свети Николе, Кратово, Богданци, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 2.308 оздравени пациенти од: Скопје – 1.153, Велес – 141, Охрид – 106, Прилеп – 105, Битола – 99, Кавадарци – 79, Куманово – 62, Струмица – 52, Тетово и Штип – по 45, Гевгелија и Крива Паланка – по 39, Кичево и Кочани – по 38, Македонска Каменица – 33, Свети Николе – 30, Ресен – 28, Струга – 25, Делчево – 23, Радовиш – 18, Гостивар, Виница и Демир Хисар – по 16, Неготино и Валандово – по 14, Берово – 12, Богданци – 6, Крушево – 4, Пробиштип, Македонски Брод и Демир Капија – по 3, Кратово – 2, Дојран – 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Скопје (72г, 84г и 84г), 2 починати лица од Охрид (51г и 55г) и по едно починато лице од Крива Паланка (79г), Македонска Каменица (56г), Битола (65г) и Куманово (62г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица со датум на смрт од 31.08.2021 до 01.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Кочани (1), Македонски Брод (1), Свети Николе (1), Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 54 до 88 години. Три лица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.
Направени се 3.042 тестови преку: ИЈЗ-319, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-74, ЦЈЗ Прилеп-38, ЦЈЗ Тетово–5, ЦЈЗ Куманово-59, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–134, Жан Митрев (Филип Втори)-41, Авицена-138, Биотек-183, Систина-70, лабораторија Лаор-155, Синлаб-15, Ремедика-16, Плодност–32, Генеа-11, Никоб лаб-553, ВФВ Медикал-44, Ели Медика-54, Ројал Медика–21, Спектра-ММ-11, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 989.
Досега во земјата се направени вкупно 1.481.925 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.025, бројот на оздравени пациенти е 203.325, на починати е 7.631, а бројот на активни случаи
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бугарија го ратификуваше договорот за тунелот на Коридор 8 – отворање на нова железничка врска Скопје-Софија
Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.
Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.
Со ова се исполнети сите услови за доиадбзгра на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.
Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.
Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.
Продолжуваме да работиме“, напиша Николоски.
Македонија
(Видео) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра
Од времето на СДСМ кога субвенциите беа 140 милиони евра, Мицкоски ги намали на 100 милиони евра. Ова е огромен удар врз земјоделците, врз нивниот труд, нивните семејства и егзистенција, оценува Александар Димитриевски од СДСМ.
„Пред избори, ВМРО ОКГ на земјоделците им ветуваше 180 милиони евра субвенции.
Наместо да ги зголемат субвенциите, ги излажаа земјоделците. Сега им ги намалија за 80 милиони евра помалку од тие што им ги ветува. Дополнително им ги усложнија условите.
80 милиони евра директно одземени од маката, трудот и егзистенцијата на земјоделците, од луѓето кои произведуваат храна.
Мицкоски ги понижи и ги измами земјоделците“.
Како што додаде, кратење има на сите страни и усложнување на условите, со зголемување на прагот за добивање на субвенции.
„Кај поледелските култури, кај пченицата, кај лозарството и овоштарството, намалени субвенции за тутун, за кокошки.
Ги укинаа сите добри мерки што ги воведе владата на СДСМ. Ја укинаа авансната исплата на субвенциите, земјоделецте останаа без сигурност, без поддршка, без чувство дека трудот им се вреднува.
Оваа влада крати од сите, само за да има за сопствениот луксуз, само да има за криминални тендери.
Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за повисоки субвенции за земјоделците, ама власта има пари за криминални тендери, нов авион, за луксузирањата на Мицкоски и неговите министри“.
СДСМ, посочи тој, бара итна ревизија на програмата, враќање на средствата и вистинска поддршка за малите и средни земјоделци.
„Земјоделството не смее да биде жртва на криминалните политики на ВМРО-ОКГ“.
Македонија
„Падна една недопирлива, победи јавниот притисок“ – Левица за оставката на антикорупционерка Цвета Ристовска
Од партијата Левица денеска реагираа на оставката на Цвета Ристовска од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), оценувајќи ја како директна победа на јавниот притисок, вистината и истрајноста на нивната партија во разобличување на, како што велат, клиентелистичките структури.
„Оставката на Ристовска не е личен чин, туку резултат на разобличување на коруптивните врски што ја компромитираа Комисијата. Тоа е признание дека фактите беа неоспорни и дека јавноста не може повеќе да се лаже,“ се наведува во соопштението од партијата.
Од Левица потсетуваат дека тие јавно ги обелодениле фактите поврзани со, како што велат, непријавени интереси и компании на синовите на Ристовска, кои добивале милионски средства од партиски каси, како и наводното системско прикривање во рамки на ДКСК.
„Сите обиди за релативизирање, за правни акробации и за прикривање зад бирократски флоскули паднаа во вода“, додаваат.
Покрај тоа, од партијата бараат да се ревидираат и одблокираат предметите поврзани со: директорот на АНБ, Бојан Христовски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, компанијата „Сити Аутсорсинг“, во врска со директорот на СОЗР Ивица Томовски и добиените 161 јавна набавка.
„Ова е само почеток. Ќе им дишеме во врат на сите корумпирани структури на ДПМНЕ, без исклучок. Секој функционер кој мисли дека може да ја злоупотребува функцијата или да се штити зад партиски чадор, треба да знае дека следниот предмет може да биде токму негов“, се вели во партиското соопштение.
Од Левица упатуваат повик до сите службеници, институционални вработени и граѓани кои располагаат со информации за корупција и клиентелизам да продолжат да ги доставуваат до партијата.
„Левица ќе ги штити изворите и бескомпромисно ќе ја изнесува вистината во јавноста.“, уверуваат.
Соопштението завршува со зборовите: „Денес падна една ‘недопирлива’. Утре ќе паднат и други. Борбата продолжува.“

