Македонија
Нови 367 заболени и петмина починати од Ковид-19 во Македонија
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2596 тестирања, а регистрирани се 367 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 167, Прилеп – 37, Кавадарци – 33, Охрид – 17, Велес – 15, Куманово и Тетово – по 14, Гостивар и Неготино – по 12, Штип и Гевгелија – по 7, Битола – 6, Струга и Кратово по – 4, Струмица и Ресен – по 3, Кочани, Делчево, Пробиштип и Крушево – по 2, Кичево, Крива Паланка, Берово и Валандово – по 1.
Регистрирани се 202 оздравени пациенти од: Скопје – 105, Куманово – 18, Кавадарци – 14, Тетово – 11, Штип – 8, Неготино – 7, Гевгелија -6, Велес и Кочани – по 5, Гостивар, Крива Паланка и Демир Капија – по 4, Струмица и Ресен – по 3, Кичево и Демир Хисар – по 1.
Пријавени се вкупно 5 починати лица. Починати се 2 пациенти од Скопје (91 г. и 83 г.) и по еден смртен случај е пријавен од Гостивар (77 г.), Крива Паланка (40 г.) и Демир Хисар (65 г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направените 2.596 теста се преку: ИЈЗ-409, ЦЈЗ Скопје-62, Авицена-305, Биотек-400, Жан Митрев (Филип Втори)-154, Систина-198, лабораторија Лаор–183, МАНУ-87, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-91, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-46, Ремедика-21, лабораторија болница Козле-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 610, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ „8 Септември“-4, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 482.026 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.518, бројката на оздравени пациенти е 87.324, на починати е 2.971, а бројот на активни случаи изнесува 6.223.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 42174, активни 2876
Куманово 5343, активни 236
Тетово 5248, активни 213
Прилеп 4783, активни 267
Гостивар 3694, активни 129
Штип 3559, активни 78
Битола 3310, активни 133
Велес 3259, активни 228
Охрид 3012, активни 369
Кавадарци 2897, активни 398
Струмица 2611, активни 147
Струга 2307, активни 163
Кочани 1769, активни 54
Кичево 1746, активни 76
Свети Николе 1097, активни 25
Гевгелија 1067, активни 101
Неготино 1029, активни 78
Дебар 777, активни 53
Ресен 772, активни 64
Крива Паланка 756, активни 41
Радовиш 737, активни 46
Делчево 694, активни 207
Берово 618, активни 35
Пробиштип 519, активни 18
Виница 503, активни 26
Валандово 334, активни 11
Демир Хисар 255, активни 10
Македонски Брод 249, активни 10
Кратово 249, активни 25
Богданци 228, активни 6
Крушево 229, активни 39
Демир Капија 226, активни 41
Македонска Каменица 192, активни 4
Пехчево 183, активни 4
Дојран 92, активни 12
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.

