Македонија
Апелациониот суд им ги намали казните на осудените од 27 април
Апелациониот суд донесе пресуда по жалбите на осудените за настаните од 27 април, односно упадот во Собранието.
Првостепената пресуда во делот каде е ослободен од обвинение обвинетиот Игор Дурловски за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик, обжалена од Основното јавно обвинителство за гонење оранизиран криминал и корупција Скопје, ја потврди.
Судот донесе одлука да им ги намали казните на обвинитетите, па така екс директорот на БЈБ, Митко Чавков, кој беше осуден на 18 години затвор, казната му е преиначена за две години помалку, односно изречени му се 16 години затвор.
На полициските началници Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски, кои добија по 15 години затвор, казните им се намалени за 2 години, односно апелација одлучи тие да се осудени на казна затвор во траење од 13 години.
Александар Николовски-Нинџа, кој беше сведок на обвнителството за настаните од 27 април, казната му е намалена за една година, односно е осуден на 7 години затвор.
И на Оливер Поповски, осуден на 13 години затвор казната му е преиначена и треба да одлежи 11 години затвор.
Слично како и останатите и на Мунир Пепиќ осуден на 15 години затвор казната му е намалена на 13 години затвор.
На обезбедувачот во Собрание, Абдуљфета Алими казната од 7 години му е намалена на 6 години. На обвинетиот Јане Ченто, Апелација му ирече казна од 13 години, односно две години помалку од казната која ја изрече кривичниот суд.
Игор Југ и Вилијам Михајловски исто како и Нинџа добија намалување за една година. Никола Митревски-Кољо, кој беше осуден на казна затвор од 15 години, Апелација ја преиначи во 14 години затвор.
На обвинетите Младен Додевски, Горанче Ангеловски и Влатко Трајковски казната им се намалува за 1 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.