Македонија
Нови 56 заразени од коронавирус, починале две лица
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 529 теста, а регистрирани се 56 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 36, Куманово – 4, Прилеп и Охрид – по 3, Битола – 2, Кавадарци, Велес, Струмица, Штип, Неготино, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број позитивни (56), регистрирани се 9 реинфекции.
Регистрирани сe 69 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 51, Куманово и Прилеп – по 4, Штип – 3, Битола и Тетово – по 2, Велес, Кратово и Крива Паланка – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа нема регистрирани починати лица. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, регистрирани се 2 починати лица: од Кавадарци (76) и од Скопје (85). Лицата се починати во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во периодот од 16.9 до 25.9.2022година.
Направени се 529 теста: ИЈЗ-61, ЦЈЗ Скопје-78, ЦЈЗ Битола-6, ЦЈЗ Прилеп-8, ЦЈЗ Тетово-5, ЦЈЗ Куманово-15, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија-27, Жан Митрев (Филип Втори)-7, Авицена-11, Биотек-9, Систина-6, лабораторија Лаор-2, Синлаб-1, Ремедика-8, Плодност-0, Генеа-2, Никоб лаб-14, ВФВ медикал-7, Ели медика плус-0, Спектра-ММ-1, Рапид лаб–1, Жан Митрев Струмица–1, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-3, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 256.
Досега во земјата се направени вкупно 2.173.215 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.319, бројот на оздравени пациенти е 333.343, на починати е 9.544, а бројот на активни случаи изнесува 432.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 161.715, Активни 296
Куманово 18.228, Активни 16
Битола 17.953, Активни 23
Прилеп 15.504, Активни 15
Тетово 14.470, Активни 11
Кавадарци 12.088, Активни 11
Велес 10.802, Активни 8
Охрид 10.312, Активни 10
Гостивар 10.275, Активни 1
Струмица 8.780, Активни 5
Штип 8.760, Активни 8
Кичево 6.075, Активни 5
Кочани 5.544, Активни 0
Струга 5.171, Активни 0
Гевгелија 4.881, Активни 4
Неготино 4.146, Активни 6
Ресен 3.029, Активни 0
Радовиш 2.836, Активни 1
Свети Николе 2.795, Активни 1
Крива Паланка 2.660, Активни 0
Делчево 2.183, Активни 0
Берово 1.875, Активни 3
Дебар 1.812, Активни 0
Валандово 1.600, Активни 0
Виница 1.478, Активни 1
Пробиштип 1.299, Активни 0
Кратово 1.129, Активни 4
Богданци 1.101, Активни 0
Крушево 1.038, Активни 1
Демир Хисар 929, Активни 0
Македонски Брод 800, Активни 2
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 519, Активни 0
Дојран 370, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав
„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, Законот за платите на јавните обвинители, Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Законот за платите на судиите, Законот за платите на членовите на судскиот Совет, со коешто се воспоставуваат реални висини на плати“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието.
Стојаноски објасни дека со овие предложени решенија се врши интервенција во коефициентите и дека ова законско решение е во согласност со Устав и не може да биде обжалено пред Уставниот суд.
„Со овие предложени решенија се врши интервенција во коефициентите, со што се обезбедува национално користење на средствата од Буџетот на Република Македонија. Ова законско решение е во согласност со Уставот, и е единствено законско решение коешто може да влезе во уставната рамка и потоа да не биде обжалено на Уставниот суд“, рече Стојаноски и додаде:
„Со овие измени одредени позиции се намалуваат коишто се во следниов правец. За пратениците и функционерите во извршната власт ги намалуваме коефициентите со што директно го кратиме буџетскиот товар, за судиите и јавните обвинители предвидуваме усогласување на коефициентите со цел нивните плати да бидат во корелација со реалните економски можности на државата, додека за градоначалниците предлагаме нова скала на коефициенти, зависно од бројот на жители во општините. Доколку овие измени денеска бидат усвоени во Собранието, платите ќе се нивелираат со што значи на сите овие функционери коишто се под овие шест закони, платата ќе се намали од 10 до 13.000 денари“.
Македонија
Бесплатен логопед за децата од Општина Аеродром
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска потпиша меморандум за соработка со здружението „МЕГАЛОГОМЕД ГЛАС – Скопје“, со што се овозможува индивидуални логопедски и дефектолошки третмани за деца со развојни потешкотии и деца со попреченост.
Со ова, децата од Аеродром добиваат бесплатен пристап до стручна логопедска поддршка, рано препознавање на развојните предизвици и навремена интервенција — важен чекор за нивниот правилен развој, сигурност и самодоверба.
Услугата ќе биде бесплатна за лицата што ќе добијат соодветна препорака од Центарот за социјална работа на Град Скопје, а корисници ќе можат да бидат лица со валидна документација согласно со Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ).
„Обезбедуваме и поддршка за родителите преку советување и насоки, со цел секое семејство полесно да стигне до потребната стручна помош без дополнителни финансиски оптоварувања“, вели Митевски.
фото/Depositphotos
Македонија
Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители
Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото на поделба на власта и да се воздржат од јавна реторика со која ја нарушуваат самостојноста на јавните обвинители во одлучувањето.
Од таму велат дека во изминатите денови сведоци сме на неодговорни изјави со кои одредени политичари селектираат и прозиваат поединечни јавни обвинители, коментирајќи ги јавнообвинителските одлуки без воопшто да бидат запознаени со конкретен предмет и доказите.
„Ова кулминираше во политичките коментари во однос на определена мерка куќен притвор за еден од осомничените во предметот “Државна лотарија”. Ваквата јавна реторика мора да престане, а останатите институции да дозволат обвинителите непречено да постапуваат и да одлучуваат. Здружението на јавните обвинители е професионална организација, која нема овластувања да интервенира или да ги коментира одлуките на јавните обвинители при работата на конкретни предмети. Но, Здружението има право и обврска да ја заштити самостојноста на обвинителите кои стручно и одговорно ја вршат својата функција и да се бори за соодветни услови во кои тие ќе работат непречено“, се наведува во соопштението.

