Македонија
Нови 627 случаи на Ковид-19, починати се 47 лицa
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа, од направени 2.865 тестирања, биле регистрирани 627 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 218, Битола – 66, Куманово – 54, Прилеп – 31, Охрид – 22, Струмица – 21, Тетово – 20, Велес – 19, Штип – 18, Кавадарци – 16, Гостивар и Кичево – по 15, Кочани – 13, Гевгелија – 12, Свети Николе и Берово – по 9, Струга – 8, Дебар – 7, Ресен и Виница – по 6, Валандово – 5, Неготино, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево – по 4, Крива Паланка, Кратово и Македонски Брод – по 3, Богданци и Македонска Каменица – по 2 лица.
Од таму информираат дека биле регистрирани и 765 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 387, Кавадарци – 57, Битола – 50, Прилеп – 37, Куманово – 35, Велес – 30, Неготино – 25, Тетово – 22, Штип – 17, Кочани – 16, Ресен – 12, Гостивар – 11, Струмица – 10, Гевгелија – 8, Радовиш и Демир Капија – по 7, Крива Паланка – 6, Кичево, Свети Николе и Берово – по 4, Пробиштип, Демир Хисар и Богданци – по 3, Македонски Брод – 2, Струга, Виница, Пехчево, Кратово и Крушево – по 1 лице.
Пријавени се вкупно 47 починати лица: 22 од Скопје (45, 52, 57, 58, 60, 61, 62, 63, 63, 65, 68, 68, 69, 76, 77, 81, 82, 82, 82, 82, 83 и 89), 3 починати лица од Берово (71, 72 и 78), по 2 од Кавадарци (61 и 82), Битола (53 и 73), Прилеп (58 и 78), Куманово (45 и 66), Тетово (72 и 78), Радовиш (60 и 70), Струга (68 и 92) и Охрид (49 и 72) и по 1 лице е пријавено од Велес (83), Неготино (80), Штип (83), Струмица (79), Кочани (44) и Кичево (70). Од починатите пациенти, три лица се починати во домашни услови, а другите 44 лица во болнички услови.
Од нив, 15 лица се починати во текот на март во една приватна клиника, а се пријавени денеска, информира Министерството за здравство.
Направени се 2.865 теста преку: ИЈЗ – 558, ЦЈЗ Скопје – 68, ЦЈЗ Битола – 66, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 3, Судска медицина – 11, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 14, Институт за микробиологија – 70, МАНУ – 108, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 141, „Авицена“ – 254, „Биотек“ – 236, „Систина“ – 181, лабораторија „Лаор“ – 209, „Синлаб“ – 57, „Ремедика“ – 47, „Плодност“ – 62, „Генеа“ – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 778.
Досега во земјата се направени вкупно 698.132 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 148.618, бројката на оздравени пациенти е 125.593, на починати е 4.556, а бројот на активни случаи изнесува 18.469.
Според епидемиолошките анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 65.884, активни 8.209
Куманово 8.184, активни 1.200
Прилеп 7.981, активни 901
Тетово 6.965, активни 651
Битола 5.878, активни 1225
Велес 5.261, активни 667
Гостивар 5.035, активни 462
Кавадарци 5.035, активни 469
Штип 4.788, активни 457
Охрид 4.757, активни 890
Струмица 3.837, активни 543
Струга 2.887, активни 263
Кочани 2.618, активни 290
Кичево 2.377, активни 294
Гевгелија 2.143, активни 324
Неготино 2.122, активни 223
Свети Николе 1.452, активни 153
Крива Паланка 1.187, активни 87
Ресен 1.176, активни 206
Радовиш 1.051, активни 124
Берово 979, активни 63
Делчево 936, активни 102
Дебар 918, активни 61
Пробиштип 757, активни 39
Виница 754, активни 111
Валандово 642, активни 96
Богданци 475, активни 72
Крушево 461, активни 102
Демир Капија 392, активни 31
Демир Хисар 366, активни 58
Кратово 354, активни 17
Македонски Брод 351, активни 31
Пехчево 256, активни 20
Македонска Каменица 227, активни 14
Дојран 132, активни 14
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почина хирургот и професор Владо Јаневски
По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел.
Македонија
Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани
Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во моментов воздушниот простор е затворен и не е можна евакуација.
„Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба“, велат од Министерството.
Оттаму додаваат дека во оваа фаза,препораката до македонските државјани е внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено.
„Апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион сè до стабилизирање на безбедносната состојба. Во случај на потреба од помош граѓаните можат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив телефон +972 54 500 8566, телефон +972 54 967 0546 и е-пошта: [email protected], како и во Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на телефон +389 75 273 732 / +389 75 268 736 и е-пошта: [email protected]. Министерството, преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за понатамошниот развој“, додаваат од МНР.
Македонија
Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници
Ние стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
– Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека дипломатијата е секогаш првата опција – но одвраќањето останува од суштинско значење кога постојат веродостојни ризици. Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат рака под рака, се наведува во објавата на Муцунски на платформата „Х“.

-Во исто време, нашите амбасади и конзуларни тимови низ целиот регион се активно вклучени и работат на поддршка и помош на нашите граѓани, обезбедувајќи ја нивната безбедност и обезбедувајќи ја целата потребна конзуларна помош, се додава во објавата на налогот на министерот Муцунски на социјалната платформа „Х“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на „Truth Social“. Во видеото, Трамп потврди дека САД започнале „големи борбени операции“ против Иран. Тој исто така вели дека целта на кампањата е да се „заштити американскиот народ“ и да се елиминираат непосредните закани што ги претставува иранскиот режим, кој го нарече „злобна група многу ужасни луѓе“.

