Македонија
Нови 766 заболени и 31 починат од Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирање, а регистрирани се 766 нови случаи на Ковид-19, и тоа во:
Скопје – 252, Битола – 80, Куманово – 64, Прилеп – 41, Велес – 36, Струмица – 33, Штип – 28, Тетово – 27, Гостивар, Кавадарци и Охрид – по 26, Кочани – 23, Кичево и Гевгелија – по 13, Струга – 12, Свети Николе и Радовиш – по 10, Крива Паланка и Виница – по 6, Неготино – 5, Валандово, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 4, Берово – 3, Ресен, Делчево и Пехчево – по 2, Дебар, Кратово, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани се 1.118 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 519, Битола – 101, Куманово – 87, Прилеп – 65, Велес – 54, Струмица – 48, Тетово – 43, Гевгелија – 30, Кичево – 26, Штип – 24, Кочани – 21, Дебар – 15, Гостивар – 14, Свети Николе и Виница – по 9, Ресен и Радовиш – по 8, Берово – 7, Дојран – 6, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Кратово – по 4, Македонски Брод – 3, Валандово – 2, Охрид, Демир Капија и Пехчево – по 1.
Пријавени се вкупно 31 починато лице: 8 од Скопје (70, 71, 76, 76, 78, 79, 80, 80), 4 починати лица од Битола (58, 64, 79 и 84), 3 од Куманово (48, 74 и 68), по 2 лица од Гевгелија (68 и 73), Кавадарци (69 и 80) и од Кочани (71 и 73) и по едно лице од Велес (76), Струга (74), Гостивар (61), Дебар (78), Кичево (66), Охрид (71), Прилеп (81), Струмица (59), Тетово (61) и Штип (66). Од починатите пациенти, едно лице е починато во домашни услови, а другите 30 лица во болнички услови.
Направените 3.171 тест се преку: ИЈЗ – 566, ЦЈЗ Скопје – 62, ЦЈЗ Битола – 85, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 2, Судска медицина – 5, лабораторија во болницата во Козле – 4, УК Пулмологија со алергологија – 6, ГОБ „8 Септември“ – 8, Институт за микробиологија – 0, МАНУ – 136, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 123, „Авицена“ – 171, „Биотек“ – 264, „Систина“ – 236, лабораторија „Лаор“ – 149, „Синлаб“ – 44, „Ремедика“ – 53, „Плодност“ – 58, „Генеа“ – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.196.
Досега во земјата се направени вкупно 695.267 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.995, бројката на оздравени пациенти е 124.828, на починати е 4.509, а бројот на активни случаи изнесува 18.658.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 65.667, активни 8.401
Куманово 8.130, активни 1.183
Прилеп 7.951, активни 910
Тетово 6.945, активни 655
Битола 5.812, активни 1.211
Велес 5.242, активни 679
Гостивар 5.020, активни 458
Кавадарци 5.019, активни 512
Штип 4.770, активни 457
Охрид 4.735, активни 870
Струмица 3.816, активни 533
Струга 2.879, активни 258
Кочани 2.605, активни 294
Кичево 2.362, активни 284
Гевгелија 2.131, активни 320
Неготино 2.118, активни 245
Свети Николе 1.443, активни 148
Крива Паланка 1.184, активни 90
Ресен 1.170, активни 212
Радовиш 1.049, активни 131
Берово 970, активни 61
Делчево 932, активни 98
Дебар 911, активни 54
Пробиштип 753, активни 38
Виница 748, активни 106
Валандово 637, активни 91
Богданци 473, активни 73
Крушево 461, активни 103
Демир Капија 392, активни 38
Демир Хисар 362, активни 57
Кратово 351, активни 15
Македонски Брод 348, активни 30
Пехчево 252, активни 17
Македонска Каменица 225, активни 12
Дојран 132, активни 14
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Српски „Телеграф“ објави снимка од возилото со кое бил киднапиран Кајмакоски: „Напаѓачите се во бегство, пејачот пронајден“
Сите елитни единици на српското Министерство за внатрешни работи – УКП, САЈ и Жандармеријата – учествувале во драматичната акција за спасување на познатиот пејач Даниел Кајмакоски (43), кој синоќа бил киднапиран во Белград, јави српски „Телеграф“.
Сè започнало со полициска рација на улицата Караѓорѓева, кога возач на бел „Волво XC60“ не застанал на наредбата од полицијата и започнал бегство во правец кон Бранков мост. Брзо било утврдено дека се работи за киднапирање на познатиот пејач.
View this post on Instagram
При обидот да го запрат возилото, напаѓачите ја пробиле полициската блокада и започнала потера низ градот, движејќи се кон Палата Србија, Арената, па потоа кон автопатот во насока на Шид.
„Во текот на потерата, напаѓачите со пиштол му се заканувале на Кајмакоски и побарале 20.000 евра за неговиот живот. Дополнително се заканиле дека нивни соучесници, кои наводно го надгледуваат неговиот дом, ќе ѝ наштетат на неговата сопруга и деца“, пишува „Телеграф“.
По поминувањето на патарината Шимановци, возачот направил грешка под притисокот од полицијата и кај исклучувањето за Рума удрил во заштитна ограда. Двајца вооружени напаѓачи побегнале во темнината, додека полицијата во возилото го пронашла врзаниот Даниел Кајмакоски.
Теренот околу Рума моментално е под целосна блокада. Специјалците од САЈ и Жандармеријата користат службени кучиња и најсовремена термовизиска опрема во потрагата по бегалците, кои, според исказот на жртвата, комуницирале на турски јазик.
Вишото јавно обвинителство го квалификувало случајот како киднапирање, пишува „Телеграф“.
Македонија
СДСМ бара одговори: Како пет тони дрога ја поминаа границата без да се забележи
По случајот со заплената на 5 тони дрога во Србија, за која постојат индиции дека потекнува од Македонија, СДСМ повикува на одговорност од институциите и посочува на можен организиран криминал со политичка поддршка.
„Цела недела помина без одговор: како е можно 5 тони дрога да ја поминат македонската граница без никој да одговара?“, прашуваат од СДСМ во денешното соопштение, посочувајќи дека ваков криминал не може да се одвива без логистика, поддршка и заштита од структури на власта.
Од партијата потсетуваат дека на граничните премини постојат камери од проектот „Сејф сити“, скенери, мобилни царински служби и други форми на контрола, што, според нив, ја прави невозможна ваква пратка да помине незабележано.
СДСМ истакнува дека случајот во Србија, според информации во медиумите, е поврзан со владејачката партија СНС – сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, како и со државни функционери.
„Ова е организиран криминал со политичка заштита. Кој во врвот на власта, во МВР, Царината и другите надлежни институции е соучесник?“, прашуваат од СДСМ.
Од партијата обвинуваат и за дефокус: „Наместо одговори, гледаме обиди на власта за дефокус преку медиумски кампањи, со цел политичка злоупотреба и напади врз СДСМ.“
СДСМ порачува дека „картелскиот скандал води до врвот на власта“ и дека мора да има одговорност.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис
Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана на својот криминал кој изминативе денови се запленува во форма на дрога од неговата му родна Струмица, велат од ВМРО-ДПМНЕ по објавата на експремиерот Заев на социјалните мрежи, во која тврди дека владејачката партија шири лаги.
„Негови први пријатели на кои им даваше тој заедно со Венко Филипче лиценци за одгледување на марихуана за медицински цели, гледаме деновиве дека тие за тоа не го користеле канабисот туку за нелегална продажба на нелегален продукт – дрога.
Над 20 тони дрога беа изнесени само од фирмата “ЦБД Медплант” во сопственост на Христијан Котев, син на Тони Котев, претседател на ОО Ново Село во времето на Заев. Заев и Венко им дадоа лиценци на овие луѓе, а гледаме како заврши истото.
Заев е таткото на бизнисот со Канабис. Оттука нека каже дали неговото семејство и нему блиски луѓе се влезени во тој бизнис? Зошто јавно лаже?
Дополнително, за тоа дека градел облакодери во Дубаи има сведоштва од негови познаници и соработници кои јавно тоа го кажуваат. Заев треба јавно да каже врз кој основ и како стигнал до златна виза во Дубаи?
Заев е исплашен до толку од одговорност што по се изгледа, почнува да станува клаустрофобичен?
Заев се потврди дека ја води СДС, а Венко е парадерот. Одговорност и правда ќе има“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

