Македонија
Нови 862 заразени и 14 починати од Ковид-19 во земјава
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 390, Куманово – 22, Штип – 28, Прилеп – 55, Тетово – 48, Струга – 9, Велес – 53, Битола – 31, Охрид – 18, Кавадарци – 24, Гостивар – 18, Гевгелија – 12, Струмица – 27, Крива Паланка – 10, Радовиш – 7, Крушево – 2, Кочани – 25, Пробиштип – 12, Демир Хисар – 4, Македонски Брод – 1, Пехчево – 3, Берово – 3, Валандово – 6, Виница – 9, Делчево – 5, Кратово – 6, Свети Николе – 6, Кичево – 17, Ресен – 3, Неготино – 8.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 223 оздравени пациенти од: Скопје – 75, Куманово – 9, Штип – 10, Прилеп – 16, Тетово – 27, Велес – 6, Битола – 13, Кавадарци – 6, Гостивар – 5, Гевгелија – 14, Струмица – 14, Радовиш – 6, Кочани – 7, Демир Хисар – 2, Берово – 3, Пехчево – 1, Кратово – 1, Свети Николе – 2, Кичево – 4, Ресен – 1 и Неготино – 1.
Починати се 14 лица, пет пациенти од Скопје (35, 82, 62, 90 и 77 г.), еден од Прилеп (54 г.), еден од Тетово (88 г.), еден од Струга (66 г.), еден пациент од Велес (78 г.), еден од Битола (76 г.), двајца пациенти од Струмица (63 и 68 г.), еден од Радовиш (66 г.) и еден пациент од Ресен (83 г.).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 29.558, бројката на оздравени пациенти е 19.994, на починати е 977, а бројот на активни случаи изнесува 8587 . Денеска се регистрира еден контролен тест од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 12753, активни 4138
• Куманово 2211, активни 361
• Дебар 331, активни 53
• Штип 1626, активни 246
• Прилеп 1227, активни 404
• Тетово 2078, активни 471
• Струга 814, активни 104
• Велес 639, активни 258
• Битола 637, активни 236
• Охрид 675, активни 217
• Кавадарци 471, активни 195
• Гостивар 1163, активни 178
• Гевгелија 357, активни 166 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 52 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 846, активни 471
• Крива Паланка 228, активни 81
• Радовиш 224, активни 79
• Крушево 25, активни 5
• Кочани 684, активни 211
• Пробиштип 184, активни 50
• Демир Хисар 81, активни 17
• Македонски Брод 104, активни 8
• Пехчево 60, активни 8
• Берово 201, активни 45
• Валандово 101, активни 39
• Виница 175, активни 65
• Делчево 242, активни 111 (56 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 46, активни 16
• Свети Николе 468, активни 74
• Кичево 531, активни 149
• Ресен 238, активни 60
• Неготино 138, активни 71 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2699 теста се преку: ИЈЗ-820, ЦЈЗ Скопје – 115, Авицена-528, Биотек – 265, МАНУ -194, Жан Митрев (Филип Втори) -315, Систина со PCR-метода – 223, лабораторија Лаор –64, Судска медицина-10, ЦЈЗ Битола-83, Инфективна клиника – 5, ГАК-0, Синлаб – 77, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 243.357 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 15 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 152 пациенти. На кислородна поддршка се 110 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 позитивни мајки, 6 деца и 4 мајки суспектни на ковид-19
Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 320 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 198
• Гази Баба – 543
• Аеродром – 760
• Карпош – 610
• Центар – 573
• Кисела Вода – 510
• Ѓорче Петров – 351
• Бутел – 201
• Шуто Оризари – 37
• Студеничани – 16
• Сарај – 32
• Арачиново – 8
• Илинден – 72
• Сопиште – 36
• Чучер Сандево – 22
• Петровец –23
• Зелениково -13
• Странец – 27
• Нераспределен- 106
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: Веќе имаше дебата со Мециновиќ, вечерва одбрав да бидам со мојот народ
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, се огласи откако партијата Левица го прозва дека одбил учество во најавената дебата на телевизија Телма со неговиот противкандидат Амар Мециновиќ.
„Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје. Добро знаете, никогаш не бегам од ништо“, напиша Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи.
Тој посочи дека дебата со кандидатот на Левица веќе се одржала на телевизија Канал 5, по која, како што рече, станале јасни ставовите и разликите меѓу двајцата кандидати.
„Евидентно е ниското ниво на политичка култура, безидејноста и недостигот на планови кај кандидатот Амар Мециновиќ, што значи дека секоја следна дебата не би била судир на концепти, туку судир меѓу концепт за Скопје и празна реторика“, напиша Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека „на Скопје му требаат решенија, не демагогија“ и дека вистинскиот тест ќе бидат граѓаните на избори, истакнувајќи дека ја почитува професионалноста на телевизијата што ја испратила поканата за дебата.
Ѓорѓиевски и Мециновиќ ќе се соочат во вториот круг од локалните избори во Скопје, кој ќе се одржи во недела, на 2 ноември.
Претходно, Левица објави дека дебатата на Телма е официјално откажана затоа што, како што наведоа, владиниот кандидат не сакал да присуствува, и дека со тоа граѓаните остануваат без суштинска, реална дебата меѓу двајцата кандидати за прв човек на главниот град.
Македонија
Николоски најави дополнителни средства за Брвеница и директен излез на автопат
За општина Брвеница со идниот градоначалник Јовица Илиевски ќе реализираме нови проекти со специјален буџет преку Министерството за транспорт. Исто така донесена е одлука да се изгради нов влез и излез на автопатот. Политиката на национализам ќе доживее пораз и во општина Брвеница, а Јовица Илиевски ќе добие втор мандат за градоначалник, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на средбата со граѓани во Брвеница.
„Успешните треба да се наградуваат и затоа во општината инвестираме во повеќе проекти кои целосно ќе го променат ликот и ќе го подобрат животот на жителите“, рече Николоски.
Тој појасни дека улицата „Браќа Јаниќ“ во општина Брвеница е дел од поголем проект што се реализира заедно со Светска банка.
„Тука инвестираме некаде околу 10 милиони денари за целосно уредување на улицата и ова ќе биде една прекрасна улица. Драго ми е што цела една нова населба се развива тука и драго ми е што општина Брвеница расте, луѓе доаѓаат и се доселуваат тука,“ изјави тој.
Николоски додаде дека по насока на Владата и Министерството за транспорт, Јавното претпријатие за државни патишта работи на проект што беше децениско барање на жителите на општината — клучка која ќе ја поврзува Брвеница директно со автопатот.
„Знаете дека сега од едната страна има влез, од другата нема, така што ќе имаме целосно решение кое ќе овозможи директен излез на автопат на сите населени места кои гравитираат кон општината,“ рече Николоски.
Тој му честита на градоначалникот Илиевски што од првиот повик се искористени сите средства, а во рамки на вториот повик, како што рече, обезбедени се околу 60 милиони денари за реализација на десетина нови проекти.
„Се работи за исклучително успешен градоначалник, човек кој целосно ја трансформира општината. Свесен сум дека неговите опоненти заради тоа се нервозни, свесен сум дека има сериозна нервоза кај неговиот противкандидат, затоа што нема што да каже, не може да се пофали ниту со дела, ниту со проекти, ниту нешто оставил позади себе, и затоа оди на национализам. Тој национализам нема да помине и градоначалникот ќе добие втор мандат, а во вториот мандат првиот состанок ќе му биде со мене,“ изјави Николоски.
Тој најави дека Министерството за транспорт има резервирано дополнителни средства и дека за општина Брвеница ќе биде обезбеден специјален буџет. „Готовите проекти што ќе ги донесе градоначалникот ќе бидат финансирани од Министерството за транспорт и ќе бидат реализирани, затоа што успешните треба да се наградуваат,“ порача Николоски.
Македонија
ЗНАМ: Расте поддршката за Мирослав Лабудовиќ во Центар
Во пресрет на изборите, расте поддршката за кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, чија визија за инклузивен, развиен и современ Центар сè повеќе ги обединува различните заедници.
Денес, Лабудовиќ оствари две исклучително важни и конструктивни средби – со претседателот Миљазим Сакипов и Демократската партија на Ромите, како и со претставниците на Движењето за демократија, права и слобода (ДПС). На овие средби беше потврдена взаемната доверба, заедничката визија и определбата за општина што ќе биде пример за еднаквост, достоинство и меѓусебна почит.
„Нашиот Центар е пример за различност што обединува, и токму во таа различност е нашата најголема сила. За мене, тоа не е само политички став, туку лична определба. Верувам во Центар каде што сите – без разлика на вера, нација, возраст или социјален статус – ќе имаат еднакви можности да живеат подобро, да учествуваат во одлуките и да се чувствуваат вреднувани“, изјави Лабудовиќ по средбата.
Тој истакна дека во наредниот период, заедно со овие партнери, ќе работи на реални решенија што ќе го подобрат секојдневието на граѓаните: подобра инфраструктура, повеќе услови за младите, поддршка за образованието и вработувањето, како и вистинска интеграција на сите заедници во општинскиот живот.
„Центар треба повторно да стане место на доверба и заедништво, општина што слуша, почитува и делува – за секој граѓанин, во секое маало. Со оваа поддршка, испраќаме силна порака дека Центар може да биде симбол на современа, хумана и европска општина што ќе ги обедини луѓето околу доброто, а не околу поделбите,“ додаде Лабудовиќ.
Поддршката од ДПС и Демократската партија на Ромите е потврда дека визијата за Центар како дом на сите добива сè поголема сила и општествено признание. Таа е доказ дека заедништвото и почитта се темелите врз кои може да се гради вистинска иднина.
„Центар е наш заеднички дом. Со заедничка работа, љубов и искреност, ќе го направиме место на еднакви можности, достоинство и гордост за сите негови жители,“ порача Лабудовиќ.

