Македонија
Нови 87 заболени и 17 починати од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 2.953 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на Ковид-19 во:
Скопје – 26, Радовиш – 9, Куманово и Кратово – по 6, Прилеп – 5, Битола, Струмица, Кочани и Кичево – по 4, Неготино и Делчево – по 3, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга и Свети Николе – по 2,Кавадарци, Штип и Крива Паланка – по 1.
Регистрирани се 197 оздравени пациенти од:
Скопје – 91, Прилеп – 25, Охрид – 14, Куманово – 12, Битола – 10, Велес – 7, Струга и Кавадарци – по 6, Штип и Гевгелија – по 4, Кочани, Кичево, Свети Николе и Виница – по 3, Струмица и Берово – по 2, Тетово и Пехчево – по 1.
Пријавени се вкупно 17 починати лица: 5 лица од Скопје (66г,71г,76г,79г и 80г), 3 лица од Тетово (60г,70г и 73г), 2 лица од Куманово (73г и 82г) и по 1 лице од Прилеп (58г), Штип (58г), Кичево (81г), Струмица (59г), Гостивар (47г), Ресен (80г) и Богданци (70г). Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите 15 во болнички услови.
Направени се 2.953 тестови преку: ИЈЗ-325, ЦЈЗ Скопје-81, ЦЈЗ Битола-81, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово – 32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–93, МАНУ-86, Жан Митрев (Филип Втори)-239, Авицена-296, Биотек-315, Систина-260, лабораторија Лаор-379, Синлаб-41, Ремедика-58, Плодност–47, Генеа–8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 540.
Досега во земјата се направени вкупно 763.451 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.891, бројката на оздравени пациенти е 146.499, на починати е 5.249, а бројот на активни случаи изнесува 3.143.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68323, активни 1241
Куманово 8789, активни 294
Прилеп 8277, активни 139
Тетово 7196, активни 114
Битола 6275, активни 208
Велес 5463, активни 79
Гостивар 5161, активни 56
Кавадарци 5149, активни 43
Охрид 4991, активни 191
Штип 4956, активни 63
Струмица 4105, активни 90
Струга 2974, активни 70
Кочани 2780, активни 53
Кичево 2544, активни 81
Гевгелија 2190, активни 29
Неготино 2182, активни 24
Свети Николе 1521, активни 41
Ресен 1233, активни 40
Крива Паланка 1219, активни 8
Радовиш 1149, активни 67
Берово 1027, активни 6
Делчево 970, активни 30
Дебар 938, активни 5
Виница 874, активни 55
Пробиштип 789, активни 16
Валандово 665, активни 6
Богданци 493, активни 6
Крушево 488, активни 22
Демир Хисар 397, активни 21
Демир Капија 396, активни 2
Кратово 373, активни 21
Македонски Брод 358, активни 3
Пехчево 267, активни 2
Македонска Каменица 247, активни 17
Дојран 132, активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните да гласаат со срце и разум за единствената конкретна програма. Им се обрати и на противкандидатите и ги повика да придонесат недела да биде празник на демократијата.
„Само со гласање може да ги промените работите во Скопје и да го спасите Скопје по четири години уништување. Нашиот град не може да издржи уште четири години уништување, импровизации, партиски бизниси и некомпетентност. Во недела ве повикувам со срце и разум да гласате за единствената конкретна програма и понуда. Гласајте за вашиот дом, за бројот пет затоа што вие заслужувате чист, зелен и функционален град. За моите противкандидати, ве повикувам сите да придонесеме недела да биде празник на демократијата, на слободата на одлучувањето и почитување на волјата на нашите граѓани. Се гледаме во вториот круг“, рече Шукова.
Таа потсети дека нејзиниот план за Скопје е јасен – повеќе зелени површини, нови паркови и ботаничка градина, чист Вардар и безбеден сообраќај.
„Знаеме како да го направиме Скопје град што повторно ќе дише, ќе се движи и ќе живее подобро“, рече Шукова.
Повика скопјани да излезат на гласање и да се изборат за „нашиот дом“.
Македонија
Божиновска со водечки компании од рударскиот и енергетскиот сектор во Лондон: заинтересираност за зајакнување на инвестиците во Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на својата работна посета на Лондон, оствари средби со три водечки компании од рударскиот и енергетскиот сектор – Anglo American, Central Asia Metals (CAML) и Pacific Green.
Средбите беа фокусирани на унапредување на соработката со британските компании кои се глобални предводници во примената на иновативни и одржливи технологии во рударството и енергетиката, со акцент на одговорно рударство, енергетска безбедност и зелена транзиција.
Претставниците на компаниите истакнаа дека се сериозно заинтересирани да го зајакнат своето присуство и инвестиции во Македонија, почитувајќи ги националните закони и европските стандарди за заштита на животната средина, безбедност и социјална одговорност.
На средбата со Pacific Green, компанија специјализирана за развој на системи за складирање на електрична енергија и интеграција на обновливи извори, разговорот беше фокусиран на можностите за примена на батериски системи за складирање енергија, кои се клучен сегмент во модерната енергетика. Божиновска истакна дека со новиот Закон за енергетика, Македонија за првпат предвидува воведување на батериски системи за складирање енергија, со што државата фаќа чекор со современите светски трендови и создава услови за поефикасно користење на обновливите извори и стабилен електроенергетски систем.
„Македонија ја гледаме како земја која создава предвидлива и транспарентна рамка за инвеститорите. Новиот законски и институционален амбиент овозможува инвестиции кои се во согласност со највисоките стандарди на одговорно рударство, енергетска безбедност и заштита на природата,“ изјави Божиновска.
Компаниите Anglo American и CAML, кои веќе имаат присуство во земјата, го поздравија донесувањето на новиот Закон за минерални суровини, со кој се воспоставуваат јасни и транспарентни правила за работење, што ја зајакнува довербата кај странските инвеститори и го поттикнува развојот на модерно и еколошки одговорно рударство.
Раководните лица на двете компании го изразија своето задоволство од формирањето на новото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, оценувајќи дека воспоставувањето на посебна институција која се грижи исклучиво за овој сектор е значаен чекор за подобра координација, брза комуникација и стратешко управување со ресурсите. Тие ја изразија својата благодарност за професионалниот пристап на Министерството и ја оценија оваа институција како место каде што инвеститорите конечно имаат конкретен и компетентен партнер за соработка, поддршка и решавање на прашања од областа на енергетиката и рударството.
Божиновска нагласи дека Владата е посветена на тоа Македонија да биде партнер на сериозни и одговорни компании, кои работат според европски стандарди, вложуваат во иновативни и еколошки технологии и придонесуваат кон локалниот економски развој.
„Нашата визија е јасна – да ја изградиме Македонија како регионален пример за балансиран развој на енергетиката и рударството, каде што економскиот раст оди рака под рака со заштитата на животната средина и благосостојбата на заедниците,“ додаде таа.
Anglo American, CAML и Pacific Green се препознаени како современи компании што ја интегрираат одржливоста, безбедноста и иновациите во своето работење, со што го потврдуваат потенцијалот за натамошна, продлабочена соработка со македонскиот енергетски и рударски сектор.
Македонија
Клековски и Аџигогов донираа крв: вистинската грижа за осигурениците не се исцрпува во административните и финансиските мерки, туку продолжува преку дела на човечност

По повод 25-годишниот јубилеј од самостојното функционирање на Фондот за здравствено осигурување, денеска, во соработка со Црвениот крст на РСМ и Институтот за трансфузиона медицина, се реализира традиционалната крводарителска акција „Фондовско срце“, која оваа година се одржува по осумнаесетти пат.
Со оваа акција, Фондот, велат од таму, уште еднаш ја потврдува својата основна мисија – грижата за здравјето на осигурениците и промовирањето на хуманоста како врвна општествена вредност.
„Преку овој чин на солидарност, вработените на Фондот симболично ја спојуваат професионалната посветеност со највозвишениот човечки гест – дарување живот.
Од своето формирање во 2000 година, како самостојна институција за спроведување на задолжителното здравствено осигурување, Фондот доследно ја негува културата на општествена одговорност и лична заложба за заедницата. Крводарителската акција „Фондовско срце“ е токму потврда дека вистинската грижа за осигурениците не се исцрпува во административните и финансиските мерки, туку продолжува преку вистински дела на човечност, доблест и милосрдие.
Во остварувањето на овие вредности особено значаен е личниот пример на генералните директори на Фондот, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, кои со своето активно учество ја поттикнуваат свеста кај вработените дека хуманоста е највозвишената форма на грижа за човекот.
„Дарувањето крв е дарување надеж, живот и човечка топлина. Со оваа акција, Фондот уште еднаш покажува дека зад институцијата стојат луѓе со големо срце – луѓе што живеат и работат во духот на солидарноста“, беше пораката на денешниот настан.
Фондот им упатува благодарност на сите свои вработени кои секоја година ја докажуваат својата хуманост и придонесуваат кон спасување на човечки животи.
„Оваа традиција, започната пред 18 години, продолжува како симбол на колективна совесност и институционална култура која ги поврзува вредностите на професионалноста, човечноста и општествената одговорност“.