Македонија
Нуредини: Се реафирмира предлог-договорот со Албанија за управување со водните ресурси
Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, се сретна со амбасадорот на Албанија, Фатос Река, на која разговараа за најактуелните прашања од областа на животната средина. Исто така, разменија мислења за можностите за заеднички пристап во надминување на предизвиците со кои се соочуваат во обезбедување одржлив зелен развој во двете држави.
Во разговорите посебен акцент беше на реафирмирање на соработката во однос на одржливото управување со водните ресурси. Од двете страни е изразена силна подготвеност за интензивирање на преговорите во врска со предлог на договорот за управување со прекуграничните водни ресурси и искажана е волја во најкус можен рок да се изработи нов предлог-текст и да се формира мешовита македонско-албанска комисија, составена од претставници на надлежни ресори и експерти од областа на водите што би работеле на заеднички предлог-текст на договорот.
Се разговараше и за соработка во другите области, а се направи осврт и на причините на загадувањето на воздухот во државата, особено во зимскиот период и во време на грејната сезона.
Министерот и амбасадорот разговараа за интензивирање на соработката на двете држави за одржливо управување со природните вредности на прекуграничните заштитените подрачја, како и за одржливо управување со водните ресурси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

