Македонија
Обвинение против четворица странски државјани кои покажале лажни ПЦР тестови на скопскиот аеродром

Скопското Обвинителство поднесе oбвинителен предлог против четворица државјани на Турција за фалсификување исправа.
Обвинетите на 4 јуни 2021 година, на скопскиот аеродром, при чекирање за лет кон Истанбул, употребиле лажни лажни сертификати за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, иако знаеле дека не се тестирале во наведената лабораторија и дека не им бил издаден таков сертификат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Повикот за доделување на Награда за младинско учество е отворен

Министерство за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ја доделуваат овогодинешната Награда за младинско учество.
Наградата се доделува во три категории:
- индивидуална категорија (млади на возраст 15-29);
- категорија за неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и
- категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации.
Наградата има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања. Истата ќе биде доделена за активности и иницијативи што номинираните лица ги реализирале во периодот јуни 2023 – мај 2025.
Висината на Наградата за младинско учество по категории е следната: 1.000 евра за индивидуална категорија; 3.000 евра за неформални групи на млади и 3.000 евра за младински организации.
Рокот за поднесување на номинации е од 16 до 30 јуни, 2025 година.
За условите и критериумите за Наградата за младинско учество повеќе детали на следниот линк: https://shorturl.at/elsC4
Поднесувањето на вашата номинација можете да го направите на следниот линк:
Македонија
Санкционирани 𝟣𝟧𝟦 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар минатата недела

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 09.06. до 15.06.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 154 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.
Македонија
„За аудито на Филипче од 130 000 евра повластен третман, за автомобилите на Мирчевски кривичен прогон“, ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори постапка

„ЈО е селективно во однос на постапките за аудито од 130 000 евра поклон на Венко Филипче од фирмата Зобек мининг груп која пак добила тендер за набавка на јаглен за ЕСМ, а за ист случај веќе има отворено постапка за Пеце Мирчевски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Сопственикот на Зобек Мининг фирмата која го купува возилото за Филипче за медиумите самиот потврдува дека тој го зема џипот на лизинг и подоцна му го дава на Филипче, а и денес е во негова сопственост.
Сомнежи постојат бидејќи фирмата Зобек Мининг добивала државни тендери од ЕСМ за набавка за јаглен во милионски износи.
Идентичен е случајот со Пеце Мирчевски директор на СОЗР во време на СДС за кого ЈО отвори постапка и го гони, бидејќи фирма добитник на државни тендери му дала две возила.
Идентичен случај различен третман од ЈО. Со што ги уценува Филипче што ЈО не постапува? Мирчевски е обвинет за несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик, за Филипче нема постапка.
Jавноста со право сака да знае зошто нема брз, навремен и ефикасен институционален одговор. Дали Филипче има повластен трертман само затоа што е функционер и претседател на СДС?
Јавноста очекува превземање чекори и активност како и поефикасен кривичен прогон на сторителите на кривични дела особено од областа на финансискиот криминал и корупцијата и случаи на кривични дела сторени од високи функционери.
ЈО да не ги става работите „под тепих“ особено бидејќи е потребно целосно чистење на криминалот и корупцијата, бидејќи недовербата што постои во судските органи не дозволува половични решенија. Граѓаните очекуваат правда и владеење на правото. ЈО да отвори постапка за Венко Филипче“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.