Контакт

Македонија

Обвинителствотото контра Правда: Не е точно дека нема податоци за траењето и ефикасноста на постапките во извештајот

Објавено пред

Jавното обвинителство објави дека надвор од досегашната вообичаена пракса, Министерството за правда одлучило, без да ги достави до Обвинителството, јавно да ги објави своите поединечни забелешки за годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2022 година, иако овој извештај, врз основа на член 55 став 2 од Законот за јавното обвинителство, се доставува до Владата само за запознавање. Оттука, Јавното обвинителство излезе со неколку појаснувања.

dobivaj vesti na viber

„1) Не е точно дека во годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во 2022 година нема податоци за траењето и ефикасноста на истражните постапки. Во извештајот е наведено дека основните јавни обвинителства во 2022 година донеле наредби за спроведување истражна постапка против 1.398 лица, што е за 91 лицe повеќе во однос на претходната година. Во 2022 година обвинителствата постапувале и во истраги поведени против 768 лица од претходната година, така што вкупно во работа имале истраги против 2.166 лица. Во однос на ажурноста на истражните постапки, во 2022 година завршени се истрагите против 1.433 лица или 66,1 % од вкупниот број истраги во работа. Бројот на завршени е поголем од бројот на новоотворени истражни постапки во текот на годината, што укажува на намалување на бројот на отворени постапки во обвинителствата. Во 1.087 предмети истрагите завршиле со поднесено обвинение. Министерството за правда во делот на траењето на истражните постапки го цитира извештајот на американскиот Стејт департмент за состојбата со човековите права за 2021 година, во кој навистина се нотира долготрајност на истражните постапки поради што и јавниот обвинител на РСМ веднаш по неговата објава организира средби со сите јавни обвинители и со меѓународни претставници за анализа на причините за констатираните состојби. Врз основа на утврденото и дадените образложенија, американскиот Стејт департмент објави извештај и за 2022 година, во кој оценките се поинаку формулирани во овој дел, односно се наведува дека роковите за водење истраги предвидени во ЗКП се инструктивни, а не задолжителни, и дека во пракса се случува понекогаш тие да се надминат за што како причини се наведуваат недоволни ресурси и сложеност на соодветните предмети. И покрај ова, во коментар за годишниот извештај за работата на обвинителствата за 2022 година Министерството за правда наведува извештај на Стејт департментот за 2021 година, иако веќе е објавен извештајот за 2022, а се подготвува и извештајот за 2023 година во чие сумирање на податоците активно учествува и Јавното обвинителство. Својата загриженост за ефикасноста на постапките министерот за правда би било добро да ја демонстрира со соодветни квалитетни предлози за законски решенија за надминување на состојбите со долготрајност на вештачењата, што е една од најчестите причини за траењето и на предистражните и на истражните постапки.

2) Во однос на цитираните делови од последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјава, точно е дека во него се наведува дека зајакнувањето на капацитетите на истражните центри и на јавните обвинителства воопшто се клучни за ефикасност на истрагите, но во ниту една реченица од Извештајот не се критикува Јавното обвинителство на РСМ за таквите состојби. Напротив, Европскиот извештај многу прецизно бара на Јавното обвинителство да му се овозможат сите материјални и кадровски услови за работа и непречено вршење на функцијата. Ова е нешто што и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го нагласува во сите јавни настапи, а го бара и во Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2022 година. Во забелешките од Министерството за правда нема коментар за тоа дали и како ќе се залага за обезбедување на тие услови за работа на обвинителствата.

3) Во Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2022 година нема посебен извештај за користење на опремата за тонско и аудиовизуелно снимање искази бидејќи ваквото снимање согласно член 207 од ЗКП претставува само можност во одредени законски предвидени ситуации, но не и задолжителна обврска. Ваква опрема е инсталирана во сите обвинителства со проширена надлежност во државава, но нејзиното користење е ограничено, бидејќи за тоа нема ниту кадровски ниту материјални услови, а за сите информатички и технички системи во обвинителствата низ државата се грижат само шест информатичари. Од тие причини, тонско и аудиовизуелно снимање се користи исклучително во специфични случаи или случаи каде што жртви или сведоци се деца, со цел да се избегне двојна виктимизација и исказот да се користи во судска постапка. Впрочем, законитоста на доказите и почитувањето на човековите права при нивното обезбедување го цени судот. Јавното обвинителство до овој момент не добило никаква забелешка од релевантни судски органи или меѓународни институции во поглед на употребата на овој систем.

4) Конечно, Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства не содржи и не може да содржи податоци за дисциплинските постапки против јавни обвинители. Дисциплинската постапка ја води дисциплинска комисија, која е целосно независна во постапувањето и чија активност не може и не смее да биде дел од извештај за работа на јавните обвинителства. На донесените одлуки и мерки од Дисциплинската комисија јавните обвинители имаат право на второстепена постапка пред Советот на јавните обвинители кој е посебен орган и чии одлуки исто така не можат да бидат опфатени со предметниот извештај. Доколку Министерството за правда има потреба да добие извештај за работата на Дисциплинската комисија, податоците за донесени одлуки се јавни и доставени до повеќе медиуми и надлежни органи кои покажале интерес за ова прашање. Имено, од почетокот на примената на новиот правилник за начинот на спроведување на постапката за утврдување одговорност на јавен обвинител за сторена дисциплинска повреда, донесен на 18.05.2021 година, поведени се дисциплински постапки против 12 јавни обвинители. Во пет од овие случаи дисциплинската комисија донела решение за утврдена дисциплинска повреда и ја изрекла најтешката дисциплинска мерка – предлог за разрешување од функцијата. На пет обвинители им е изречена соодветна парична казна, а само за еден обвинител комисијата донесе одлука дека не сторил дисциплинска повреда. Дисциплинската комисија на Јавното обвинителство е пред донесување одлука во постапката за уште еден јавен обвинител. Во еден случај иницирана е и кривична постапка и поднесено е обвинение против поранешен јавен обвинител од основно јавно обвинителство за продолжено кривично дело несовесно работење во службата. Пред Советот на јавните обвинители, пак, во тек е жалбената постапка на уште тројца јавни обвинители за кои дисциплинските мерки беа изречени во дисциплинска постапка спроведена според стариот Закон за јавно обвинителство и претходно важечкиот Правилник (за настаните од 27 април).

За сите забелешки кон извештајот за работа на јавните обвинителства, објавен и доставен до сите надлежни институции, јавниот обвинител на Република Северна Македонија е подготвен да одговори во согласност со законски предвидените процедури“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето од 27 април не бараат амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле

Објавено пред

На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи со одговорност, или ќе продолжи да кради и распродава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Кога веќе Спасовски се одлучи давенички да прави капитал со настаните 27 април, тогаш нека одговори на едноставното прашање кој највеќе искористи со настаните на 27 април? Кој направи влада после овие настани? Дали за монтираниот судски процес не беше наградена Русковска и Кацарска? Како Русковска пред време ги знаела пресудите за 27 ми април според јавните сведоштва изнесени во јавноста? Дали мирно спие Спасовски со сознанието дека има драконски казни за дела кои не ги направиле?“, прашуваат од партијата.

Оттаму додаваат дека „луѓето од 27 април не бараат милостина, ниту пак амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле, а им ги товарија и препишаа“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачевски: Никогаш повторно режим, не се откажавме на 27 април, нема да се откажеме ниту на 8 мај

Објавено пред

Денешниот ден, 27 април, e најцрниот датум во историјата на нашата демократија и никогаш не смее да се заборават сликите од крвавиот четврток пред седум години, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на својот фејсбук профил. Ковачевски потенцира, дека 27 април е потсетник на едно време на режим, насилство, страв и незивесност.

dobivaj vesti na viber

„Никогаш да не ги заборавиме сликите од крвавиот четврток, сликите на насилниците поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ кои извршија упад во Собранието, се обидоа да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, кои сакаа да да го урнат уставниот поредок. На 27 април пред седум години, се виде до каде може да одат поделбите и омразата, желбата за пресметка со сите оние кои мислат поинаку. Овој датум е потсетник колку лесно опасна, десничарска власт може да ја уништи стабилноста и демократијата, да ја уназади државата. Тогаш не се откажавме од борбата за подобра иднина на граѓаните, за слободна и демократска држава. Нема да се откажеме ниту сега. СДСМ е партија направена од цврст материјал и секогаш на вистинската страна од историјата. Како што не се откажавме на 27 април, нема да се откажеме ниту на 8 мај. Никогаш повторно режим“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Силјановска-Давкова: Пратеници кои се претставуваат како екологисти, учествуваат во уништувањето на животната средина

Објавено пред

По цунамито во средата сега не очекува вулкан кој ќе создаде услови да се решат проблемите и да се тргне напред во градење на општество каде ќе се почитуваат законите, рече Силјановска-Давкова.

dobivaj vesti na viber

Денеска кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова во рамките на кампањата беше во Mаврово каде што оствари средба со граѓани.

Во своето обраќање од Маврово, Силјановска-Давкова порача:

„Маврово има посебна вредност за Македонија и затоа и државата и граѓаните мора да се грижат за оваа природна и човечка убавина. Мора да запре систематското уништување на животната средина и да запре урбанистичкиот хаос во Националниот парк Маврово. Невидено е во една ваква природна убавина заштитена со закон во 21 век да се градат дивоградби во заштитени зони, да се дозволува во езерото да се влеваат фекалии, не смееме да го уништуваме тоа што ни го дала природата затоа што на тој начин сами се уништуваме.

Уште пострашно е кога и пратеници кои се претставуваат како екологисти, а учествуваат во уништувањето на животната средина и заштитени национални богатства.

По цунамито во средата сега не очекува вулкан кој ќе создаде услови да се решат проблемите и да се тргне напред во градење на општество каде ќе се почитуваат законите и ќе се регулира животната средина но и правото на граѓаните да живеат достоинствено во секој поглед“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија60 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето од 27 април не бараат амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле

На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи...

Македонија2 часа

(Фото+видео) „Македонијо, ти си бисер балкански“ ечеше на свечената промоција на 508 нови полициски службеници

Во Центарот за обука во Идризово денеска се одржа свечена промоција на нови полициски службеници – генерација 2023-2024 година. Едногодишната...

Македонија3 часа

(Видео) Николоски: Власта размислува за поткуп на гласачи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4, Александар Николоски, денеска рече дека власта размислува за поткуп на гласачи...

Македонија4 часа

Спасовски: Насилниците од 27 април никако не смее да се нарекуваат уставобранители, ниту пак да бидат помилувани

Денешниот ден 27 април не смее да биде заборавен, ова е најцрниот ден во историјата на македонската демократија, рече денеска...

Свет4 часа

Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба

Еден од катовите на зградата на аеродромот Внуково во Москва е евакуиран поради закана за бомба, соопшти полицијата. „Едниот кат...

Свет5 часа

Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер

Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што...

Свет6 часа

(Видео) Застрашувачки снимки од торнадо во Америка, неколку стотици куќи се уништени, загинатите се уште се бројат

Невремето кое беснее во Америка досега однесе најмалку три животи. Локалните медиуми јавуваат дека опасноста ќе го достигне својот врв...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија – 1. Бојкот на избори, 2. Влада со ДУИ, и Али да одлучува кој кое министерство ќе го има

СДС знаат дека ќе изгубат катастрофално во вториот изборен круг, и наместо чесно да го прифатат поразот, тие мислат ќе...

Македонија7 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Нови 27 случаи на голема кашлица се евидентирани од 19 до 25 април, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно...

Македонија8 часа

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ, велат...

Свет23 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија1 ден

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија1 ден

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ1 ден

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија1 ден

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет1 ден

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет1 ден

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет1 ден

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион1 ден

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...