Македонија
Демократскиот сојуз: Има мнозинство за претседателски и за предвремени парламентарни избори во ист ден
Демократскиот сојуз смета дека во Собранието има мнозинство пратеници што може да донесат одлука за распуштање на парламентот, со што ќе се создадат услови за одржување на вториот круг од претседателските и од парламентарните избори во ист ден.
„Од 13 март 2024 година почнуваат уставните и законските рокови за одржување претседателски избори, при што парламентарните партии, кои може да формираат мнозинство за распуштање на парламентот, треба да го утврдат изборниот датум.
По катастрофалниот извештај на Европската комисија и колапсот на владините институции, дуизацијата и криминализацијата на државата, сосема е извесно дека Владата нема легитимитет и натаму да владее. Натамошното опстојување на Владата под водство на ДУИ ги загрозува единството и националните интереси на Македонија“, велат од Демократскиот сојуз.
Од таму ја поздравуваат најавата на Алијансата за Албанците дека не сака и натаму да биде патерица на ДУИ и се приклучува на определбата на опозициските партии за што е можно побрзо паѓање на актуелната Влада и организирање избори.
„Се покажа дека ДУИ и СДСМ ниту се за ЕУ ниту се за реформи, туку со манипулациите за уставните измени купуваа време да владеат.
Со измените на Кривичниот законик го урнисаа правниот поредок и обезбедија амнестија на сите оние што досега го направија грабежот на граѓаните, кој се проценува на над 10 милијарди евра во последните дваесетина години.
За да има одговорност и коренити реформи, мора да има промени.
Само чесни кадри со знаење и државничко искуство може да воспостават систем на владеење на правото, да ги заштитат националните интереси и да отворат перспективи за развој“, соопштува Демократскиот сојуз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај по претежно влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Падна дрво во населбата „Автокоманда“ во Скопје
Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“ близу паркингот на влезот на фабриката „Железара и Железарија Јоле“ во населбата „Автокоманда“.
Од ЦУК, веднаш по добиената информација од страна на Сектор за операции и координација, покрај МВР, беа известени ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје, коишто испратија екипи и истите интервенираа во расчистување на паданатото дрво.
Македонија
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Во јужните делови наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, а потоа во следните денови во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.