Македонија
Обвинителството ги отфрли пријавите на Панчевски против Јанева
Постапувајќи по поднесени три кривични пријави против десет службени лица, надлежен обвинител оцени дека во дејствијата на пријавените нема битни елементи на кривични дела наведени во пријавите, ниту на други дела што се гонат по службена должност и со решение ги отфрли пријавите, велат од Основното јавно обвинителство во врска со кривичните пријави на поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, против специјалната обвинителка Катица Јанева.
„Подносителот на пријавите судија од Основниот суд Скопје 1 – Скопје во обвинителството поднесе три кривични пријави против службени лица од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникации од кои за десет лица за кривично дело ‘злоупотреба на службена положба и овластување’ од чл.353 ст.5 вв ст.3 вв ст.1 вв чл.22, за три лица и за кривично дело ‘противправно присвојување на предмети при претрес и во постапка на извршување’ од чл.374 ст.1 вв чл.22 од Кривичниот законик“, соопштија од ЈОРМ.
Оттаму додаваат дека според прибавените докази, Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникации во тек на истражна постапка, доставило барање за издавање наредба за претрес на дом и лице, како законски предвидено истражно дејствие.
„Со оглед на тоа што лицето за кое е побаран претрес е судија во Основниот суд Скопје 1 Скопје, а заради постоење на висок ризик од нарушување на тајноста на дејствието и на предистражната постапка, барањето за издавање наредба било поднесено до Основниот суд – Гевгелија, што е во согласност со воспоставената практика на Европскиот суд за човекови права. Обвинителството утврди дека истражните дејствија на пријавените биле преземени согласно со Законот за кривична постапка. При тоа оштетениот ги искористил правните лекови. Надлежниот обвинител оцени од кривично правен аспект не произлегува дека пријавените направиле какви било злоупотреби при спроведување на истражното дејствие“, велат во соопштението од Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Автомобили заглавија во снег на патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно – „Непроодно е, по трасата не е фрлена сол“
Патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно во моментов не е безбеден за движење со моторно возило и се апелира да не се користи поради голомразица.
Утрово на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот.
„Надлежен за одржување на овој пат е ЈП за Одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, но за жал досега по трасата ниту е фрлено сол, ниту е поминато со било какво возило за расчистување на снегот“, велат од ЦУК.
Патот во моментот е безбеден само за пешачење и секое тргнување со возило е на ризик на возачот, се додава.
Според информациите од ЦУК, во моментов едно возило останало заглавено во снегот. Од ЈП Македонијапат велат дека овој пат е од четврта категорија на приоритет, а сега немаат машини за интервенција бидејќи тие се на патот Кичево-Охрид како и на Попова Шапка. Утре од 9 до 10 часот ќе има испратено машина и ќе се интервенира.
Македонија
Се запали бутик во зграда во Карпош, огнот се прошири кон уште еден стан и два автомобили
Пожар избувна доцн синоќа во бутик во Карпош, на улицата Разловечко востание.
Бутикот кој е во сопственост на И.М.(54) од Скопје бил лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема.
Од пожарот била зафатена фасада од зградата, делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, клима уред и дел од прозори на уште еден стан.
Исто така, изгореле две патнички возила кои биле паркирани во непосредна близина.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Македонија
(Видео) Честитка на Филипче за Водици: Во духот на солидарноста да го унапредуваме општеството
Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име на сите православни верници им го честитам денешниот христијански празник Богојавление – Водици, порача претседателот на опозициската партија, Венко Филипче.
„Му честитам на момчето Мартин Гоџовски, од населбата Варош ,којшто денеска го фати крстот.
Посакувам здравје, среќа, успех оваа година. Исто така и на сите коишто денеска скокнаа во ладните води на Охридското езеро по крстот. Тоа е знак дека имаат многу голема ментална и физичка сила.
Овие празници секогаш треба да не потсетуваат да во име на солидарноста, работиме заедно, го унапредуваме општеството и создаваме подобри, еднакви можности за сите без дискриминација на ниту еден човек“, порача Филипче.