Македонија
Обвинителството ќе ги испитува заканите на „Фејсбук“ кон Јанакиески и Ристовски
																								
												
												
											Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР ги истражува заканите упатени до политичарите од страна на затворениците упатени преку отворено писмо пренесено преку интернет-портали, потврдија од полицијата за „Макфакс“.
„Во врска со заканите упатени до политичарите од наша страна известено е Основното јавно обвинителство Скопје. Споделените објави ќе бидат процесирани со соодветен поднесок во консултација со Обвинителството“, пишува во одговорот од полицијата.
Од Обвинителството за „Макфакс“ потврдија дека вчера добиле известување од полицијата по чие проучување итно ќе се постапува. Неофицијално, во извештајот за инцидентот не е нотирано како затворениците дошле до мобилни телефони за да ги упатат заканите.
Мухамед Красниќи, алијас Командант Малишева, од кумановската група, на „Фејсбук“ упати отворени закани кон ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и напиша: „Спиро Ристoвски беше боксуван од Лирим Красниќи, браво братучед. Миле Јанакиески беше боксуван од Есат Кафеѓоли. Образот ми го обеливте денес. Ние нема да престанеме во оваа битка. Ниту еден Албанец не се освети за нас до денес и затоа ние сами ќе се осветуваме бидејќи сите ќе ни дојдат тука во затворот“, стои во заканата на Красниќи.

Заменичката на народниот правобранител, Васка Бајрамовска, пред неколку дена изјави дека имало пропусти во затворскиот систем и управата по инцидентот во затворот во Шуто Оризари, во кој беа нападнати ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Бајрамовска рече декa по претресите на затворските простории, биле пронајдени предмети што не се дозволени според куќниот ред на затворот, како мобилни телефони и марихуана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

