Македонија
Облачно и ветровито со врнежи од снег
Поинтензивни врнежи од снег претпладне и во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува умерен северен ветер кој на северот и долж Повардарието ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3 степени.
Во скопје ќе биде облачно студено и ветровито со повремен слаб снег, претежно претпладне. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 2 степени.
Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег претежно во јужните делови и на југоистокот. Ќе продолжи да дува северен ветер поинтензивен долж Повардарието. Поради многу ниските температури ќе има појава на голомразица
За време на викендот ќе има особено ниски утрински температури. Во сабота преку денот ќе има повеќе сончеви периоди, а во недела повеќе облачност се очекува во северните делови каде што ќе има услови за локална појава на снег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска сончево, од утре голема промена на времето
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -3 до 5, а максималните од 16 до 20 степени целзиусови.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде 1, а максималната 16 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утре облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Македонија
ЦУК: Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла
Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево. Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Р.С.Македонија“, стои во известувањето од ЦУК.
Македонија
ЦУК: Две странски државјанки изгубени на патот кон Дрисла – полицијата упатена на терен
Преку единствениот број за итни повици 112 добиена е информација дека две женски странски лица, кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
Оттаму велат дека ЦУК е во постојана комуникација со МВР и Полициската станица Драчево, од каде е побарано упатување екипа на терен.
Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот, соопшти ЦУК.

