Македонија
Облачно со локален дожд, а на планините снег
Утринава времето во Македонија е умерено до значително облачно, на некои места се уште има слаб дожд, а на планините и на повисоките места понекаде има врнежи од снег.
Во текот на претпладнето врнежите насекаде ќе престанат, а облачноста ќе се намалува, па преку денот ќе преовладува сончево време со мала облачност. Нешто пооблачно ќе се задржи во југозападните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Во ноќните часови од запад облачноста повторно ќе се зголеми и ќе има нови врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.
Скопје сончево со мала облачност. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и ќе има повремен дожд. Температурата ќе достигне 9 степени.
Утре претпладне ќе биде облачно со врнежи кои поради спуштање на постуден воздух од север и на некои пониски места ќе бидат од дожд и снег. На повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а на планините ќе се формира и снежна покривка. Потоа во следните два дена ќе биде студено и суво, а нови врнежи претежно од снег ќе има во четврток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

