Македонија
Огласот за вработување 1.100 медицински сестри, лаборанти и болничари ќе биде распишан до Нова година, вели Таравари
До крајот на годината ќе биде распишан огласот со кој трајно вработување, место сегашното со договор на дело, ќе добијат приближно 1.100 лица, средномедицински персонал во јавните здравствени установи во земјата, најави министерот за здравство, Арбен Таравари. И со овој оглас недостигот од средномедицински персонал нема да се покрие оти го има секаде во државата, според податоците што министерот Таравари ги добива на неделно ниво од внатрешноста.
„Јас се надевам дека до крајот на оваа година ќе биде објавен конкурс со кој ќе бидат примени на работа речиси 1.000 средномедицински лица. Тука не подразбирам само медицински сестри, туку и болничари, лаборанти, оние што беа со договор на дело. Меѓутоа, повторно е малку, повторно ќе имаме потреба од вработување уште“, рече министерот Таравари.
За него, средномедицинскиот кадар е столб на здравствениот систем, а огласот за вработување, кој треба да се распише, е дел од стратегијата на државата за нивно здржување во земјата заедно со уште неколку мерки преземени изминатата година.
„Триста специјализанти оваа година ќе примиме на работа и триста в година, 1.100 лица средномедицински персонал, имаме колективен договор, покачување на платите… Ова е тоа што може да го направи една Влада. Повеќе од ова за шест месеци јас не знам дали ќе можевме да направиме. Ова се наталожени проблеми, од 2017 година. И тогаш се бараше специјализантите да бидат вработени, за приватните зборувам, и тогаш се бараше колективниот договор и сега по седум години, успеваме за шест месеци да ги решиме овие проблеми, кои стојат подолго време во државата“, рече министерот Таравари.
Министерот извести дека од денес на Онкологија за пациентите се достапни двата биолошки лека, кои недостигаа. Објасни дека набавката на лековите задоцнила поради долгите и сложени процедури, кои мора да се следат оти станува збор за меѓународни тендери. Недостиг од двата лека Таравари вели дека имало само неколку дена и затоа смета дека се направил поголем метеж отколку што требало.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено во Берово и Крива Паланка
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крива Паланка, -4 во Скопје – Петровец и Демир Капија, -3 во Гевгелија, Прилеп и Тетово, -2 во Охрид, Виница и Крушево.
Времето денеска
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, особено на планините каде што ќе се зголеми снежната покривка.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Македонија
„Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!“, прашува СДСМ
„Мицкоски вчера јавно изјави дека кога лета со владиниот авион, наводно се плаши за својот живот и дека „се моли на Бога да останат живи“ кога лета. Ако тоа е вистина, тогаш се поставува суштинско прашање: Како можел тогаш во таков авион да го стави своето семејство и да ги ризикува нивните животи заради приватен одмор?“, прашува СДСМ
„Освен што злоупотребил државни ресурси за приватни потреби, го ставил ли и семејството во ризик?
Ако навистина смета дека авионот е ризичен, тогаш постојат редовни комерцијални линии со економска класа. Не бизнис класа со карти од 4.000 евра, може да патува со економска класа, затоа што нашата економија не е за бизнис класа.
Наместо утре граѓаните да му бидат криви, бидејќи тие го плаќаат овој авион. Прво Мицкоски нѐ расплака со тажната приказна, сега нѐ загрижи. Се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!
Ако толку неодговорно се однесува кон сопственото семејство, како ли се однесува кога е во прашање државата?“, се додава во соопштението на СДСМ.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

