Македонија
Одбележана 17-годишнината од убиството на припадниците на АРМ кај месноста Карпалак
На автопатот Скопје – Тетово, кај месноста Карпалак, денеска беше одбележана седумнаесетгодишнината од убиството на десеттемина припадници на Армијата на Република Македонија.
Тие на денешен ден пред точно 17 години за време на воениот конфликт во 2001 година во конвој се движеле кон Тетово, кон своите воени позиции, но на автопатот армискиот конвој беше нападнат од заседа.
Со панихида отслужена од свештеници од тетовското архиерејско намесништво на МПЦ – Охридска архиепископија, како и со полагање венци и букет цвеќе на спомен-плочата посветена на 10-те загинати припадници на АРМ, денеска беше одбележана 17-годишнината од нивното трагично загинување.
Делегација од Министерството за одбрана, Армијата на Република Македонија, Владата, Собранието, Кабинетот на шефот на државата, членови на семејствата на загинатите, како и голем број здруженија денеска им оддадоа почит на загинатите бранители Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.
Настанот во 2001 година се случи надвор од воената зона.
Припадниците на терористичката ОНА не само што ја извршија заседата, исто така го имаат минирано целиот автопат, но не успеаја да го дигнат автопатот во воздух и да го спречат доведувањето на единиците од Скопје за Тетово иако имаа подготвено и поставено 200 килограми експлозив.
Причината што не успеаја е поради тоа што хеликоптерите беа во воздух за следење на колоната тенкови и транспортери за планираната операција и за 10 – 15 минути почнаа со борбено дејство во реонот каде што беше организирана заседата и не успеаја да го активираат експлозивот.
Подоцна, на позициите каде што беа терористите беа пронајдени жиците за активирање на експлозивот и по нив беше пронајден експлозивот во каналот на автопатот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.
Македонија
Боки-13 за операцијата „Бумеранг“: поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска
Бојан Јовановски-Боки 13 поднел кривични пријави против поранешниот премиер Зоран Заев, ексминистерот за внатрешни, Оливер Спасовски, и двајцата генерални секретари на СДСМ, поранешниот Александар Кирацовски и актуелниот Миле Зачевиќ, како и против поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Тој дошол во Обвинителството на покана на актуелниот шеф на оваа институција, Ислам Абази.
Најави дела кривично-правната операција е наречена „Бумеранг“.
„Сите мои наводи и описот на настаните ќе бидат материјализирани со докази што потекнуваат од мојот телефонски уред, кој ми беше одземен при моето апсење во предметот ‘Рекет’. Се работи за кривични дела што се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластувањето, за изборни измани, незаконско финансирање политичка партија, злоупотреба на јавните набавки“, додаде тој.
Најави и продолжение на предавање докази во писмена форма.
„Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службената положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е речиси во секоја пријава“, рече Јовановски.