Македонија
Одложено рочиштето за „Титаник“, делото на Мијалков застарува за четири месеци

Се одложи уште едно рочиште за „Титаник 2“, предмет каде обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.
Одлагањето беше со образложение дека Мијалков, не е спроведен од затворот во Струга, каде ја издржува затворската казна за „Империја“ по склучената спогодба.
„Титаник 2’“ кое рочиште беше одложено поради отсуство на обвинет бидејќи не е спроведен од затворот во Струга“, велат од Коалицијата за правично судење.
Наредба за спровод била уредно испратена до Кривичниот суд, но и уредно примена од страна на Управата на затворот. Сепак, кога судиите се обратиле зошто Мијалков не е спроведен, добиле одговор дека не добиле наредба.
Веќе извесно е дека Мијалков ќе се спаси од одговорност во овој предмет, каде се гони за дело „примање награда за противзаконито влијание“, а поради учество во изборни нерегуларности на изборите во 2013 година. Делото ќе му застари за нешто повеќе од четири месеци, а рочиштата постојано се одлагаат.
Апелација ја укина пресудата во декември 2019 година. Од тогаш до декември 2022 година предметот се суди уште во Кривичен суд. Ова би значело дека е скоро невозможно за пет месеци, пред делото на Мијалков да застари, да се донесе правосилна одлука судска одлука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити во Трубарево: Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна станица, поставена да го провери квалитетот на воздухот во реално време.
Меџити, на чие барање е поставена мерната станица беше придружуван од директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, проф. д-р Дејан Мирковски.
Министерот Меџити во текот на посетата изврши увид во функционирањето на новоинсталираната мерна станица за квалитет на амбиентен воздух.
Посетата има за цел да го потенцира значењето на мониторингот на квалитетот на воздухот и унапредувањето на животната средина преку меѓуинституционална соработка.
Мерењата ќе се извршат секојдневно 24/7 за да се следи квалитетот на воздухот, и навремено информирање на јавноста, која ќе има можност да ги следи податоците во реално време.
Македонија
Онлајн настава една недела во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ во општина Гази Баба, од понеделник 15 септември до петок 19 септември ќе се реализира без физичко присуство на учениците во училиштата, туку онлајн.
Поради настанатиот пожар во Трубарево, општина Гази Баба и препораките на Државниот инспекторат за животна средина, на итна седница на Владата беше донесен Заклучок наставата во четирите основни училишта да се реализира преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација.
Министерството за образование и наука ги извести училиштата да ја организираат наставата согласно новонастанатите услови.
Македонија
(Видео) Командантот на пожарникарите раскажа како се гаснел пожарот во Трубарево – на помош добиле хемиска пена, па стигнал и песокот

Скопските пожарникари во изминатите два дена интервенирале со целокупниот капацитет при големиот пожар во магацините за пластичен и електронски отпад во Трубарево. Иако само еден час претходно имале интервенција во населбата Лисиче, огнената стихија била брзо ставена под контрола, а соседните објекти биле изолирани од опасност од опожарување, информира командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски.
„Побаравме помош од Главниот штаб, а значајна поддршка добивме и од Окта со хемиска пена и од Макпетрол. Нашите резерви беа потрошени во првичниот удар. Активирани беа сите капацитети и на Комунална хигиена. Беше испратена дополнителна механизација и камиони со песок за да се спречи црниот чад кој се гледаше оддалеку,“ изјави Томевски.
Тој додаде дека пожарот е под контрола и се вршат дополнителни проверки за евентуални остатоци од горењето.
Интервенцијата ја оцени како успешна.
„Вакви пожари се тешки за гаснење, но успеавме да го ставиме под контрола, што беше изненадување и за мене“, рече Томевски.
Додаде и дека мирисот е намален и се надева оти до крајот на денот ќе престане исчадувањето.