Македонија
Одложено рочиштето на кое се бара Бојан Јовановски да го врати милионот
Судењето на кое се бара Бојан Јовановски-Боки 13, Катица Јанева и државата да му вратат дел од 1,5 милион евра на бизнисменот Орце Камчев се одложи. Бидејќи беше предвидено да се сослушаат како сведоци сметководителката во фирмите на Камчеви, Мирјана Бошковска, сопругата на бизнисменот, Ана Камчева, мајката Ратка Куновска-Камчева и сестрата Кристина Камчева-Стојческа. Ниту еден од нив не се појави на судењето. Судијата Андреј Димовски рече дека поштарот не ги нашол на адресите. Тужениот Бојан Јовановски беше спроведен во судот од затворот „Идризово“, но по завршување на рочиштето.
„Не се присутни сведоците за кои судот донесе решение да бидат сослушани – Мијана Бошковска, Ана Камчева, Ратка Куновска-Камчева и Кристина Камчева-Стојческа. Овие адреси се разликуваат од првите адреси. Кај Мирјана Бошковска доставувачот образложил дека немало никој дома. За Ана Камчева, обезбедувањето рекло дека е иселена од комплексот „Св. Јован“. Поканата не ѝ е доставена ниту на Ратка Куновска-Камчева за која доставувачот рече дека не била дома и била на работа. Кристина исто така не била дома“, рече судијата Андреј Димовски.
Адвокатот Александар Михајловски рече дека кога дознал дека Граѓанскиот суд имал проблем со доставување на поканите, дал нови адреси. Дополнително, побара задолжително да се земат списи од предметот „Рекет“, кои се во Апелациониот и во Врховниот суд. Меѓу другото, и записниците од сослушување на сведоците во претходните постапки.
„Мене не ми дадоа да направам увид во кривичниот предмет за да видам што докази има таму. Затоа побарав само дел од материјалите. Мене ми се врзани рацете. Единствен начин да направам увид е преку овој суд. И на распитот имаше прашања што не можеа да се постават. Тука ми беше оневозможен начинот на постапување на прашањата. Ако направевме увид, ќе можевме да прашаме и за аудиоснимките објавени во јавност, каде што се слушаат Боки 13 и Катица. Јас немам што да направам“, образложи адвокатот барајќи ги списите.
Врховниот суд досега нема постапено по ургенциите и по барањето, посочи судијата Димовски.
На рочиштето беше спроведен и Бојан Јовановски-Боки 13, кој во судот пристигна кога заврши рочиштето. Тој остана пред судот бидејќи не стигна на време да биде спроведен во судницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Перински: Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските во делот на регионалниот развој и ЕУ политиките
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на министерот за регионален развој и јавна администрација, Tibor Navracsics, оствари еднодневна работна посета на Унгарија, насочена кон продлабочување на билатералната соработка и зајакнување на партнерството меѓу двете држави.
Во фокусот на разговорите беше размената на искуства за поефикасно и целосно искористување на програмите на Европската Унија, како и поддршка на вклучувањето на Македонија во нови европски програми. За Министерството за локална самоуправа, оваа соработка има особено значење во насока на унапредување на регионалниот развој, пренесување на знаење со цел зајакнување на институционалните капацитети и пристапот до европски фондови.

Во рамки на посетата, министерот присуствуваше и на отворање на изложба во Центарот за дигитални искуства (CODE), каде што свое обраќање имаше министерот за култура и иновации на Унгарија. Центарот е формиран во рамки на програмата „Веспрем–Балатон 2023 – Европска престолнина на културата“ и има за цел да отвора нови можности за културна размена преку дигитални и интерактивни содржини.
Останатиот дел од агендата беше посветен на посети на неколку значајни локации во округот Веспрем, при што беа разменети мислења и искуства за локалниот и регионалниот развој, како и за актуелните општествени процеси. Во тој контекст беа допрени и теми поврзани за начините за зголемување на атрактивноста на регионите, како и мерките за поттикнување на општините кон поголема самоодржливост и ефикасно користење на сопствените развојни потенцијали.

Посетата претставува уште еден чекор кон продлабочување на меѓусебната соработка и размена на добри практики во области од заеднички интерес.
Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди, наместа со услови за провејување на слаб снег
Утре променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
За време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување на слаб снег.
Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури.
Македонија
Да, и ние и граѓаните веруваме дека чантата е 944 денари, му се извинуваме на Орце Ѓорѓиевски што му ја отворивме најболната тема, велат од СДСМ
Му се извинуваме на Орце Ѓорѓиевски што му ја отворивме најболната тема, каде завршуваат парите на граѓаните од тендерите кои ги добиваат двете омилени фирми на власта, „Пирамид билдинг“ и „Ленди груп“, велат од СДСМ.
Според оваа партија, за два месеци 96 милиони денари или 1,56 милиони евра добиле, како што истакнуваат, „омилените фирми на Орце и на ВМРО-ОКГ од Град Скопје каде тој е градоначалник“.
„20 милиони денари е тендерот за „Пирамид Б“ со склучен договор на 05.12.2026 година.
76 милиони денари е тендерот за „Ленди Груп“ со склучен договор од 28.01.2026 година.
Едни исти фирми, на централно и на локално ниво добиваат тендери и ние да им се извиниме?
Да не треба да му се извинуваме на Орце и за 56 тендери на „Пирамид билдинг“, каде е татко му на шефот на кабинет на Мицкоски, Нелоски?
Или да се извинуваме и 74 тендери на „Ленди груп“ вредни 17.5 милиони евра?
Вие да делите тендери и да се луксузирате на грбот на народот со авиони, часовници, чанти а народот кој не може да врзе крај со крај да ви се извинува?
Извини Орце, да не се малку тендери, да не треба повеќе“.
А што се однесува до чантата, следниот пат, додаваат од опозициската партија, кога ќе објавуваат слика, прво нека ја проучат разликата од таа што неговата сопруга ја носи на промоцијата со онаа којашто ја објави денеска, „очигледна е“.
„Да да, и ние и граѓаните веруваме дека чантата е 944 денари. Веруваме да“.

