Македонија
Одложено судењето за „Монструм“ поради смртен случај на поротничка
Во Кривичниот суд утрово беше одложено судењето за случајот „Монструм“ поради отсуство на поротничка што имала смртен случај. Судијата Огнен Ставрев рече дека му се јавила утрово поротничката и му рекла дека нема да присуствува на судењето поради смртен случај во семејството.
Судијата рече дека е подобро да се почека да дојде на следното рочиште за судењето да не почне од почеток со ангажирање нов поротник.
Случајот „Монструм“ се води за петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година и е во доказна постапка.
Денеска требаше како докази да се читаат СМС-пораки и транскрипти.
За петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Демири и Исмаиловиќ се недостапни за органите на прогонот.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
Родителите на убиените момчиња побараа од судијата Ставрев повеќе термини за судења од судијата. „Може ли пет-шест термини месечно?“, праша мајката на едно од убиените момчиња. Судијата рече дека ќе направи сè што може за да обезбеди повеќе термини за судења во декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

