Македонија
Од коронавирус почина познатиот диџеј Ицко од Антена 5
На 48 години почина Ристо Меловски, познат како диџеј Ицко од Антена 5 радио. Популарниот диџеј почина од коронавирус. Негови колеги и пријатели од утринава објавуваат фотографии и пораки со кои се простуваат од него.
Диџеј Ицко на клупската сцена во Македонија ѝ е познат веќе повеќе од 15 години. Пушташе хаус и прогресивна музика. Последните 10 години беше дел од популарното радио. Според многумина, тој беше одговорен за развојот на електронската сцена во Македонија на највисоко ниво, а неговите емисии на радио се добро познати и надвор од Македонија.
Диџеј Ицко беше оженет и татко на две деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
фото: архива
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)
Македонија
Непречен сообраќај низ државата, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

