Македонија
Од среда заладување и обилни врнежи од дожд и снег
Под влијание на влажен и студен воздушен бран, в среда, 1 април, ќе има врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег, информира УХМР.
На места врнежите ќе имаат обилен карактер, над 25 литри на квадратен метар.
Поради заладувањето и спуштање на дневните температури од 10 до 15 степени, врнежи од снег ќе има и во некои пониски места, каде што ќе се формира снежна покривка.
Минималните температури в четврток (2 април) и в петок (3 април) на повеќе места ќе бидат под нулата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води
СДСМ поднесе амандман со кој бара да се обезбедат средства за изградба на пречистителна станица за отпадни води во општина Кавадарци, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска на денешната комисија за финансирање на буџет.
Таа образложи дека со овој проект трајно ќе се реши проблемот со отпадните води во општината и ќе се подигнат дополнително стандардите за живот и за заштита на животната средина.
-Пречистителната станица треба да се изгради за да се исполни основната цел, односно, прочистување на отпадните води во градот и истата би била лоцирана после село Марена на излезот од Кавадарци, рече Тренчевска.
Македонија
Герасимовски: Против насилството врз жените, за безбедна средина
Општина Центар активно се вклучува во иницијативите за подигнување на свеста и спречување на насилството врз жените и девојчињата. По повод Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, градоначалникот Герасимовски ја истакна важноста од давање поддршка за жртвите и превенција во справувањето со овој сериозен проблем.
„Покрај психичкото и физичкото насилство врз жените кое е секојдневно, особено загрижува растечкиот тренд на онлајн насилство. Општина Центар ќе продолжи да создава поддржувачка средина, да ги поттикнува жртвите да го пријавуваат насилството, ќе ја засили соработката со институциите и стручните служби и ќе организира активности за едукација на младите за опасностите од дигиталнaта агресија“, истакна Герасимовски, посочувајќи ги последните истражувања според кои речиси 70 проценти од жените во земјава биле изложени на ваков вид вознемирување.
Општина Центар преку соработка со Националниот совет за родова рамноправност овозможува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник за граѓаните кои претрпеле насилство или биле било како злоупотребени. Овие услуги се обезбедуваат од страна на стручни тимови од различни области со цел да им се понуди соодветна помош и поддршка на сите на кои им е потребна.
Македонија
Пожар во Адвокатската комора на Македонија: непознато лице насилно влегло и го предизвикало истиот
Адвокатската комора на Република Северна Македонија најостро го осудува насилниот напад кој се случи ноќеска, на 25 ноември 2024 година, околу 3:30 часот по полноќ, кога непознато лице насилно влегло во Комората и предизвикало пожар.
Пожарот, како што соопштија од комората брзо бил изгаснат од противпожарните екипи, но била предизвикана значителна материјална штета.
„Најважно е што, благодарение на брзата реакција на надлежните, нема човечки жртви. Овој акт на насилство не само што претставува сериозна закана за безбедноста на вработените во институцијата, туку и на граѓаните кои живеат во непосредната близина на деловниот простор на Комората. Нападот врз Адвокатската комора не е само напад врз еден правен субјект, туку е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во Република Северна Македонија. Поради ова ја изразуваме нашата најдлабока осуда за ваквото насилство и нагласуваме дека ваквиот напад е апсолутно неприфатлив. Овој чин на насилство и вандализам е сериозна закана за јавната безбедност и правниот поредок во земјата, и не може да се оправда под никакви околности“, се нагласува во официјалното соопштение.
Ги повикуваат надлежните органи да дејствуваат брзо и ефективно за да се идентификуваат и приведат одговорните за овој напад.
Ваквиот напад, според нив, не смее да остане неказнет, а одговорните мора да се соочат со последиците од своите дејствија и да бидат најстрого казнети.
Комората, како што е истакнато во информацијата, останува посветена на заштитата на правата на адвокатите, граѓаните, како и на создавање на опкружување во кое сите институции ќе можат да работат без страв и загриженост, а притоа правото и правдата ќе останат неприкосновени.