Македонија
Од утре задолжително носење заштитна опрема во маркети, банки и на зелени пазари
Од утре сите граѓани при пазарење во маркети, одење во банки или на отворени простори, како зелените пазари, ќе мора да носат заштитна опрема, информира техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Според него, мерките што Владата ги воведе за справување со коронавирусот дале резултати. Тој вели дека бројките покажале дека стратегијата е добра, а се гледа и од тоа што има мал број заболени граѓани од повозрасните категории. Намалувањето на рестриктивните мерки, според Спасовски, е зголемување на одговорноста на граѓаните.
„Донесовме повеќе уредби и одлуки за зајакнување на лесните мерки, но и олабавување на рестриктивните. На овој начин ограничувањата ќе се намалат, внимателноста ќе се зголеми. Досегашните мерки креирани од стручните лица беа создавани од пикот што ни претстоеше, но и почитувањето на мерките. Со исправена глава можеме да кажеме дека мерките дадоа ефект. Бројките ни кажаа дека стратегијата е добра, а имаме и линеарен број на зголемување. Имаме мал број заболени возрасни лица за кои можеме да кажеме дека е поради воспоставените мерки“, рече Спасовски.
Тој побара и натаму да се почитуваат донесените мерки за социјална дистанца и носење заштитна опрема, која е задолжителна во затворени простории, но и во одредени случаи на отворени места.
„Меките мерки предвидуваат зајакната индивидуална одговорнoст. Тоа е мерката за држење растојание од 2 метра. Значаен процент од заболените со коронавирус е асимптоматски, тоа значи дека лицето што стои пред вас може да е заболено и да не знае, а само два метра можат да ве заштитат. Следна мерка е носењето заштитна опрема, свилена марама, респираторна опрема, шал, медицинска маска. Тоа ќе овозможи прекин на ширењето на вирусот бидејќи повеќето заболуваат преку кашлање. Оваа мерка ќе важи на територијата на целата држава. Заштитната опрема мора да се носи во маркети, продавници, банки, а на отворените места мора да се носи на зелените пазари и на други места каде што не можете да одржите дистанца од два метра“, посочи Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

