Македонија
Од четврток ќе се собира кабаст отпад во општина Кисела Вода
Oпштина Кисела Вода почнува со спроведување акција за собирање кабаст отпад на цела своја територија. Активностите за подигнување на кабастиот отпад и електронската опрема ќе се одвивааат до крајот на април преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита, а во истите ќе се вклучи и ЈП „Комунална хигиена“.
Како што велат од општината, секои последни два дена во седмицата ќе бидат опфатени по две месни и урбани заедници, каде освен тоа што ќе се подигнува кабастиот отпад, сезонските работници ангажирани од Општината ќе вршат и генерално чистење на улиците и кастрење на суви гранки на најфреквентните улици под надлежност на Општина Кисела Вода. Исто така, ќе се интервенира и во делот на урбаното средување на скалите, како и средување на детските игралишта и парковите на територија на општина Кисела Вода.
Распоредот на месните и урбаните заедници во кои ќе се работи е следниот:
УЗ Црниче, УЗ Пржино 21-22.03.2019 (четврток, петок)
УЗ нас. Драчево, МЗ село Драчево, МЗ Подстаница 28-29.03.2019 (четврток, петок)
УЗ 11 Октомври-Бараки, Згради 04-05. 04.2019 (четврток, петок)
УЗ Цветан Димов, УЗ Бирарија 11-12. 04.2019 (четврток, петок)
УЗ Кисела Вода, УЗ Расадник 18-19. 04.2019 (четврток, петок)
МЗ Припор, МЗ Усје, МЗ Пинтија, МЗ Стакларница-Каменик 28-29.03.2019 (четврток, петок)
Општина Кисела Вода апелира до граѓаните кабастиот отпад да го одложуваат до 11 часот, во точно предвидените термини пред своите домови, колективните згради на пошироките улици на начин што истиот нема да го попречува движењето на пешаците и возилата. Оттаму додаваат дека вон определениот датум и време, не е дозволено одлагање на кабастиот отпад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

