Македонија
Од Skopje Run 10K засадија дрвца
Речиси 2.000 тркачи излегоа на булеварот Илинден во Скопје на Skopje Run 10K. На трката се соборија 3 рекорди, и тоа државниот рекорд на 10 километри улична трка во машка категорија, државниот рекорд на 10 километри улична трка во женска категорија и рекордниот број пријавени на Skopje Run 10К докажувајќи дека здравјето и спортскиот начин на живеење се значајна цел во нашето општество.
Тоа не беа единствените пораки и голем број луѓе ја покажаа својата хуманост вклучувајќи се и донирајќи за #ЗасадиВоздух. За кампањата беа собрани 76.440 денари. Со тие средства беа набавени 126 садници од повеќе видови и се пренесе дека свесноста за нашата екологија е голема и голем број луѓе се грижат за подобра животна средина. „Апсолутно среќни и горди на секој од вас кој преку купување маичка од трката или независно од тоа, во кутиите за донација даде свој придонес за нашата мини акција за собирање средства за купување дрвца за пошумување. Иако е само мал чекор од наша и ваша страна, секое дрвце се брои. Ова најдобро го знаат тркачите и атлетичарите, кои тренираат секојдневно надвор, на отворено, без оглед на условите“, рекоа од тимот на Skopje Run 10K, Сојузот на спортовите на Скопје, и со многу емоција ја пренесоа својата благодарност кон сите што помогнаа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

