Македонија
Оливер Спасовски на распит во Обвинителство

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, во понеделник треба да се појави на распит во Основното јавно обвинителство, потврдуваат за Алсат – М, од таму.
Предмет на истрага на обвинителството се наводните сомненија за лажирање на финансиските извештаи на СДСМ, како и начинот на финансирањето на партијата. Деновиве во ОЈО на распит беше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Тој во петокот изјави дека секогаш кога Специјалното јавно обвинителство ќе отвори некоја предистражна, истражна постапка или обвинителен акт, „Зоран Заев е таргетот на државното Јавно обвинителство“.
„СДСМ има јавно објавен ревизорски извештај, ревизорскиот извештај заврши, ревизијата беше спроведена од Државниот завод за ревизија, согласно законите и за кампањата и за партијата СДСМ, апсолутно нема никакво сомневање во самиот извештај… Апсолутно индициите којшто ги имаат се доволен основ да бидеме повикани, за да ги дадеме сите наши докази и верувам дека тука ќе заврши целата постапка“, рече Заев во петокот./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гаши по повод 8. Септември: Имаше моменти кога дури и соживотот беше изложен на искушенија и успеавме, заедно знаевме да освојуваме и победи

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се обрати пред пратениците, претставници на владиниот кабинет, дипломатскиот кор и јавноста по повод 8 Септември – Денот на независноста, честитајќи ја 34-годишнината од независноста на Македонија.
Во својот говор, Гаши истакна дека независноста е темелот врз кој треба да се гради демократски и стабилен заеднички дом, со почитување на различностите, справување со корупцијата, зајакнување на правната држава и меритократијата, како и зголемување на благосостојбата на граѓаните.
„Кога зборуваме за независноста на државата, природно ни изгледа како да ја допираме историјата, а сите добро знаеме дека историјата на нашата држава не беше ниту лесна ниту многу пријатна. Имаше моменти кога дури и соживотот беше изложен на искушенија и успеавме, но имаше и моменти кога заедно знаевме да освојуваме победи. А денес, пред сè, се радуваме бидејќи овој ден нè наоѓа обединети во мир“, порача Гаши.
Нагласи дека Северна Македонија денес е пример на сплотеност меѓу различните народи, стабилен сојузник на НАТО и достоен кандидат за полноправно членство во Европската Унија. Главната порака што ја упати до граѓаните е суштинската сплотеност – да се гради заедништво преку почитување на различностите, наместо поделби.
„Независноста не е подарок – таа е завет од минатото, обврска за сегашноста и патоказ за иднината. Таа е завет оваа земја да биде наш заеднички дом, татковина на сите нејзини луѓе без поделби и без исклучоци“, рече Гаши, повикувајќи на создавање на заедничка иднина.
Македонија
Интерната комисија проверува дали се правеле непотребни операции на срце, методологијата за работа е утврдена

Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции ја утврди методологијата за работа, која што ќе биде основата за анализата не само на веќе доставените осум случаи, туку на сите случаи кои ќе бидат доставени или утврдени од страна на интерната комисија.
„Транспарентноста е клучна во целиот процес. Се следат меѓународните стандарди како референтни точки. Очекуваме интерната комисија да ги утврди фактите во однос на осумте случаи и да постапува врз основа на медицински докази. Нашата крајна цел е заеднички да го подобриме здравствениот систем и да поставиме цврста основа на менаџирање во здравството“, вели министерот за здравство, Азир Алиу.
Се додава дека интерната комисија е составена од врвни експерти во областа, правници и економисти. Наодите од анализата на интерната комисија ќе бидат во најскоро време доставени до стручната комисија составена од странски експерти, а извештајот од интерната комисија ќе биде објавен на веб-страницата на Министерство за здравство.
Јавна здравствена установа пријавила осум случи за извршени непотребни кардиохируршки интервенции во интерната комисија што ја формира Министерството за здравство по скандалозните тврдења на кардиологот Сашко Кедев дека во земјата за пари се прават операции на срце и кај пациенти што немаат медицинска потреба.
Македонија
Објавени кандидатите за градоначалници за скопските општини на партијата Левица

По долги анализи, политичката партија Левица ги објави имињата на вториот бран кандидати за градоначалници на скопските општини за кои вели дека се личности со висок професионален кредибилитет, добро познати за јавноста, личности кои се подготвени за предизвикот – да ги водат локалните самоуправи во скопските општини.
Кандидат за Градоначалник на Општина Кисела Вода е проф. д-р Јане Ацевски, поранешен декан на Шумарскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, актуелен раководител на Катедрата за ботаника и дендрологија.
Кандидат за Градоначалник на Општина Ѓорче Петров е адвокат Александар Димитријевиќ, сопственик на позната адвокатска канцеларија, борец за социјална правда, координатор на Трудов сектор на Политичка Партија Левица.
Кандидат за Градоначалник на Општина Карпош е Антонио Димитров, актуелен директор на најстарата културна установа во Скопје, Културно-Информативниот Центар. На институцијата, Димитров како управител и овозможи мошне богата, разновидна и редовна програма.
Кандидат за Градоначалник на Општина Гази Баба е Златко Тренчевски, металуршки инженер со долгогодишно раководно искуство во повеќе познати компании.