Македонија
ОМО „Илинден“ – ПИРИН: За 10 дена, Бугарија успеа да деградира 4 народи, 3 земји и милиони граѓани од Македонија, Србија и од Грција
ОМО „Илинден“ – Пирин во објава на социјалните мрежи сподели неколку вести за, како што велат, добрососедската земја Бугарија и како таа гради добрососедски односи со Балканските држави.
„Уште нетргнати се заканија дека ќе палат знамиња на Албанија и Македонија. При пристигнувањето беше предизвикан инцидент со локалното албанско население во Скопје, при што беше прободен еден бугарски граѓанин, за потоа инцидентите да ги префрлат на стадион во судир со македонската полиција, која уапси 19 бугарски навивачи. За извиците од трибините како им посакуваат смрт на Албанците, дека Македонија е бугарска земја и слична реторика, да не ни споменуваме“, пишува ОМО „Илинден“ – ПИРИН.
Како шти објавија на социјалните мрежи, на 2 август, „во присуство на највисокото претставништво на државата, јавно на ТВ, повторно и по 150-ина години, со тешка дискриминаторна реторика, јавно искажани територијални претензии и нималку добрососедски став го обележаа Илинден како празник на бугарското востание, па и манипулирајќи го името со нивната измислица за некакво си илинденско-преображенско востание и претставувајќи го како востание на Бугарите“.
„Нивната политика на дискриминација ја свртеа кон Србија, на која исто така ѝ го дискриминираат српското малцинство во Бугарија и го декларираат како непостојно. На тоа веднаш добија одговор од Ивица Дачиќ дека и бугарското малцинство, кое изнесува само 0,29 % во Србија, нема да биде признаено“, се вели во објавата на ОМО „Илинден“ – ПИРИН.
„Генерации растени со лаги и фабрикувана историја многу лесно се манипулираат. Па, така, пред неколку дена во градот Кавала, 35-годишен Бугарин го отстранил грчкото знаме од јарбол и поставил бугарско извикувајќи: ‘Тоа е Бугарија!’ Полицијата соопштила дека сторителот ѝ е познат и од претходни прекршоци и тој бил однесен на распит во Драма“, се додава во објавата.
Од ОМО „Илинден“ – ПИРИН заклучуваат дека за 10 дена Бугарија успеала да деградира и дискриминира 4 народи, 3 земји и милиони граѓани од Македонија, Србија и од Грција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас…“, извести МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја делови од општините Илинден и Кисела Вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат делови од општините Илинден и Кисела Вода.
Од 08:30 – 09:30 часот, корисниците од улицата бр. 34 во населба Илинден, општина Илинден ќе немаат струја.
Без електрична енергија од 09:00 – 13:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од улицата Востаничка во општина Кисела Вода.