Македонија
(Видео) Димитриев бара повеќе пари за Комисијата за надзор на ПИ-мерките
Претседателот на собраниската Комисија за надзор на примената на посебната истражна мерка од МВР, Финансовата полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, Емил Димитриев, побара повеќе пари за успешна работа на ова работно тело.
Тој на денешната промоција на публикацијата „Насоки за надзор на разузнавањето“ рече дека има можност комисијата да ангажира двајца експерти за да се зголеми квалитетот на надзорот над инститиуциите, но и за да се зголеми довербата на граѓаните во безбедносниот систем.
„Членовите на Комисијата немаат доволно стручност за квалитетен надзор. Во согласност со новиот закон може да се ангажираат двајца експерти и мојата намера е во иднина токму тоа. Во зависност од одобрениот буџет, екпертите може да се ангажираат ад хок привремено или постојано“, рече Димитриев.
Тој се пожали дека кога ја презел работата со Комисијата, наследил само два листа и целата работа претходно се сведувала само на пиење кафе. Димитриев додаде и дека мора да се инвестира во систем независно од тоа која партија е во опозиција, а која е на власт, заради идните генерации и дека е потребна соработка настрана од политиката, што се потврдило преку носењето на новите реформски закони и соработката со новоформиранта ОТА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Граделе во заштитена зона на Шара – кривична за двајца мажи
Двајца мажи се соочуваат со кривична пријава откако, според полицијата, нелегално граделе во зона на Националниот парк „Шар Планина“.
Станува збор за Ф.Ш. (65) од Тетово и И.А. (45) од селото Бродец, кои во текот на 2025 година, во атарот на селото Гајре, изградиле шест бетонски столбови без да обезбедат дозвола за градба од Општина Тетово.
Кривичната е поднесена кривична пријава за „бесправно градење“.
Македонија
Кривична пријава за директор на студентски дом поради несовесно работење
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.Ј. (57) од селото Таринци, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Според пријавата, на 29 и 31 мај 2024 година, Н.Ј., во својство на директор на Државен студентски дом „Браќа Миладиновци” во Штип, постапил спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки.
Тој извршил плаќање на фактури во вкупен износ од 84.320 денари за сместување, односно ноќевање за себе и за ученици од студентскиот дом во два хотели во Охрид, без да спроведе соодветна постапка за јавна набавка, соопшти полицијата.
Македонија
Кривична за поранешен градоначалник на Чашка поради сомнеж за злоупотреба
Полицијата поднесе кривична пријава против Г.С. (47) од Велес, поранешен градоначалник на Општина Чашка, и против М.А., раководител на финансиското одделение во истата општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Според пријавата, Г.С. во текот на 2021 и 2022 година, во повеќе наврати, свесно и со умисла ја ангажирал второпријавената да извршува работни задачи подолго од нејзиното работно време, иако таа била вработена со скратено работно време, што е спротивно на Законот за работни односи, кој забранува прекувремена работа за лица со скратено работно време.
Од СВР Велес информираат дека М.А., и покрај известувањето од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и донесеното решение за четиричасовно работно време поради здравствени причини, прифатила да биде дополнително ангажирана.
За извршените активности ѝ биле исплатени 50.109 денари, со што, според пријавата, е нанесена штета на буџетот на Општина Чашка.

