Македонија
Општина Гази Баба: Просторот околу јамата во Хиподром е обезбеден со заштитна ограда

Просторот околу јамата во дворот на училиштето „Вера Јоциќ“ во скопската населба Хиподром е обезбеден со заштитна ограда, соопшти Општина Гази Баба.
„Дезинформација и невистина е веста дека просторот каде што се вршат градежни дејства во училишниот двор на ООУ ‘Вера Јоциќ’ во Хиподром не е заштитен со ограда. Во интерес на подобро информирање на јавноста сакаме да ве известиме дека просторот каде што се извршуваат градежни зафати за изведба на толовод кон зградата на училиштето ‘Вера Јоциќ’ е целосно затворен со заштитна ограда. За жал, во повеќе наврати од страна на училиштето е пријавено дека од страна на непознати сторители е оштетувана, при што веднаш се врши нејзина санација“, се вели во реакцијата на Општината во врска со текстот „Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Данела Арсовска до градоначалникот на Ѓорче Петров: Доста лажете!

„Згради од 65 метри висина кои ќе се градат покрај самиот булевар, спротивно на сите можни стандарди, закони и подзаконски акти во Ѓорче Петров“, напиша градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на социјалните мрежи.
„157.000м2 објекти хемиски фабрики кои се јасно означени на Деталниот Урбанистички План. И внимавајте, имале пречистителна станица. Што ќе пречистуваат, ако нема загадувачка индустрија?
Дополнително, ДУП за згради од 65 метри висина во подрачје во кое не смее да се копа повеќе од 3 метри. Како ќе се градат овие згради без да се загадат заштитените бунари за вода Нерези – Лепенец? На какви столбови ќе бидат овие згради? Колку гаражни места ќе имаат?
Ова, градоначалнику на Ѓорче Петров треба да го одговориш. Доста лажете!“, додаде Арсовска.
Македонија
Сергеј Попов ги матираше СДММ, извади документ од кој се гледа како лажат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Се е пријавено дечки, затоа вчера ви рековме два пати да размислите пред да излезете на прес. Ама толку слушате, затоа сте младина сведена на статистичка грешка“, напиша Сергеј Попов, претседател на УМС и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи.
„Штета, паметам времиња кога СДММ беше подмладок за почит“, додаде тој.
Македонија
Пратеничката Мимоза Муса на 73. КОСАК конференција во Варшава

Пратеничката Мимоза Муса, членка на Комисијата за европски прашања, учествува на 73. Конференција на комисиите за европски прашања на Парламентите на земјите членки на Европската Унија (КОСАК), која се одржува од 8 до 10 јуни 2025 година во Варшава, Република Полска.
Конференцијата се одржува во Сејмот на Република Полска, а учество земаат претставници на Парламентите од земјите членки и кандидатите за членство во Европската Унија, како и претставници на Европската комисија и Европскиот парламент.
Темите опфатени на Конференцијата се: приоритетите на Полското претседателство со Советот на ЕУ, работните програми на Европската комисија и Европскиот парламент во новиот институционален циклус, идната повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ, политиката за проширување и јакнењето на сајбер отпорноста и борбата против дезинформации.
Настанот беше свечено отворен од страна на маршалот на Сејмот на Република Полска, Шимон Холовниа, а Конференцијата се одвива под копретседателство на Агњешка Помаска, претседателка на Комисијата за европски прашања на Сејмот на Република Полска и Томаш Гродsки, претседател на Комисијата за европски прашања на Сенатот на Република Полска.
Во своите воведни обраќања ја нагласија важноста на парламентарната соработка и единството на европските институции во справување со заедничките предизвици. Тие упатија повик за продлабочена вклученост на националните парламенти во процесот на донесување политики на ниво на ЕУ и подвлекоа дека проширувањето останува клучен инструмент за стабилност и просперитет на целиот континент.
Пратеничката Мимоза Муса имаше свое обраќања на втората сесија од Конференцијата.
На втората сесија, каде се дебатираше за работните програми на европските институции и Стратешката агенда на ЕУ, Муса истакна дека приоритетите на Комисијата и Парламентот се од исклучително значење за земјите кандидати. Таа подвлече дека Северна Македонија активно работи на зелена транзиција, дигитализација, економски развој и борба против корупцијата, и ја потенцираше важноста на продолжување на политиката на проширување врз основа на заслуги.
Во рамки на своето учество, пратеничката оствари средба со голем број колеги и со амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Полска, Јасмин Ќахил.
КОСАК претставува форум за соработка меѓу комисиите за европски прашања од националните парламенти и Европскиот парламент, кој овозможува редовна размена на информации, ставови и добри практики во однос на европското законодавство и политики. Форумот постои од 1989 година и има важна улога во вклучувањето на националните парламенти во процесите на донесување одлуки на ниво на ЕУ.